Книготека

Илија Упалевски

Друга страна: Театарски критики и есеи

По професија книжевник, по потекло битолчанец, Илија Упалевски не е само љубител на театарот, туку и негов добар познавач.

Ова театролошко издание содржи текстови кои тој ги има објавувано во домашните дневни весници и неделници последниве неколку години. Тоа е значајно не само како документ за македонската театарска меморија, туку и како специфичен модел за естетска (а зошто да не и етичка) анализа на театарскиот израз во Македонија.

Ставајќи се од „другата страна" на сцената, Упале е ригорозен во проценката не само на театарските претстави за кои станува збор, туку и на актуелниот културен контекст.

Читај