Бед Инглиш
Токму тоа го правиме, благодарејќи на авторот кој паметно реши својата книга да не ја печати (знаете колкави се тиражите?) и промовира (со ладни лешничиња и топли зборови од рецензентот), туку да одбере ем бројна ем фина публика и своето дело, освен лично на пријателите, да им го понуди на читателите на off.net.mk.
Книгата се вика "Бед Инглиш". Авторот се вика Дарко Митревски. Дарко е наш човек кој пред некое време замина да живее во Америка. Таму и се напишани овие шармантни и луцидни прозни пејсажи од неговата нова средина, како Дарко и Америка се сретнаа, се разбраа или не се разбраа. Како што вели авторот, збирка залудни мисли со поднаслов "Иди Даре, кој те ебe, може Вардар и без тебе".
Уживајте.
---
Делото се издава под "Криејтив Баџос Лајсенс". Тоа подразбира дека:
1) Ова дело слободно може да се печати али е тоа доста глупо.
2) Секое преземање на дело објавено под оваа лиценца ќе се смета за.
3) Во случај на спор, за ненадлежен се прогласува судот во Пехчево.