Уша Акела
Врати ми се, стар и побелен
Во 2006 била гостинка на Струшките вечери на поезијата, каде ја добила наградата за најдобра винска песна. Живее во Остин, Тексас со сопругот и ќерката. Во Македонија нејзина поезија е објавувана во „Блесок", а сега и во форма на е-книга, во препев на Тихомир Јанчовски.
Во нејзините убави, медитативни песни се мешаат мирисите и боите на Индија, на карито и сарито, со вкусот на хамбургерите. Но има и песни за Св. Наум и Калишта, и за струшкиот Ганг - Дрим. Уживајте!