Книготека

Стефан Марковски

Продавачот на ветар и магла и други приказни

Ова е прва збирка раскази на авторот, за кого по првото читање го помисливме следното: дека нема повеќе од 23 години, дека студирал книжевност, дека и покрај младоста има доволно животно искуство за да сумира некои животни вистини, дека е начитан и со чувство за мерка и дека му се блиски источните религии и филозофии.

И да, Стефан само што наполни 24, има завршено компаративна книжевност и речиси дипломирано филозофија, а останатото...ќе го заклучите самите. Тоа е можно дури и врз основа на само еден извадок: „Еднаш замириса на цутот од липовите дрвја од подножјето, далеку на врвот на ридов од кој раскажувам. Никој не праша: 'зошто?'“

Читај