Дарко Лешоски
Турбо Дионис
Оние кои не ја сакаат поезијата како жанр нека не берат гајле. Песните на Дарко повеќе личат на раскази, и тоа не само затоа што се долги, туку затоа што во нив има вистинска нарација, атмосфера, ликови, настани, препознатливи „топоси" на современата култура - Чет Бејкер, Том Вејтс, Паско Кузман, Кустурица, Пејпал, Џим Кери, Дорина со ориз – почеток, средина и крај, иако не нужно и по тој редослед.
Кога го прашав дали има доволно песни како за книга Дарко рече дека ги има двеста – прозвуче како митска бројка и фалење, но по два дена коректорска работа врз изборот од 21 од нив му поверував. Тој не пишува поезија. Тој само запишува што мисли.