Синиша Станковиќ
Маалски прикаски
Според зборовите на авторот, „Маалските прикаски", не се собрани колумни и не се збирка раскази, туку само прикаски. Колку и да изгледаат маргинални нивните стории и ликови, тие отсликуваат едно време и еден начин на живот кој полека згаснува, со свои специфични етички и естетски принципи. Замислете летно попладне во Влае, кога куќите се со ширум отворени прозорци, вешот слободно се ниша на слабото ветре, а комшијата по кој знае кој пат во неделата ја пере колата, облечен во рамбовка и пластични влечки, од оние кафеавите. Вие со ѕидарското пивце само си седите, и фаќате сеир...