Книготека

Милчо Манчевски

Вистина и прикаска: уметност и верба

Текст напишан по повод конференција под наслов „Филмот и верата" одржана 2011 во Ватикан, кој е значаен документ за ставовите на Милчо, не само во врска со пишувањето и правењето филмови, туку и за природата на создавањето уметност воопшто.

Парафразирана, познатата изрека на Буковски, дека треба да пишуваш само ако не можеш а да не пишуваш, во верзијата на Милчо би гласела - создавај уметност само ако длабоко веруваш во неа, на начин на кој и другите ќе ти поверуваат. Тоа значи без фол, од стомак и од срце, зборувајќи за работи кои ја чинат с'ржта на животот, без оглед дали тој се одвива на улиците на Њујорк, на бреговите на Ганг или во кафана во Дебар маало.

Читај