Книготека

Јовица Ивановски

Три напред, три назад

Дали поезијата може да зборува обично за обични нешта, а сепак да се брои како уметност? Јовица Ивановски, според нас еден од најталентираните македонски поети, во „Три напред, три назад" (2004, издание на Три) како да вели – не само што може, туку и мора.

Не дека во поезијата на Јовица нема цинизам, меланхолија, тага и тешки мисли. Но ставени во контекст на секојдневни,на сите нас познати животни ситуации, тие добиваат на вистинитост и човештина.

Атмосферите на малоѓраѓанските свадби, жештината на градскиот асфалт, загушливоста на погребната капела, тишината после (добриот) секс, звукот а правосмукалката, и пелените на нашите деца, чиј пат допрва почнува дур нашиот привршува...

Читате, и се фаќате како потврдно климате со глава, како си викате „да бе, стварно е така, човече", и како уште некое време откако сте завршиле со читањето мислите, ама не на песната, туку на себеси во неа.Таа се прекршува низ вашето искуство, добивајќи ново значење, вон зборовите, а низ животот.

Ете, тоа е добра поезија.

Илина

Читај