Книготека

Тихомир Јанчовски

„Од збор до збор“ (песни)

Да речеме дека не го знаете Тихо, и дека не сте читале ништо од него. Почнувате од задната „корица", биографијата, и гледате дека бил три пати на Света Гора. Аха си велите, стихотвори за кандила, светци и богољубие. После гледате, работел како физикалец, собар, тапкарош и келнер. Хм, можеби кренал раце од религијата, и решил да го конзумира животот во големи залаци и, особено, голтки. Значи Буковски, Дилан Томас, можеби Керуак или Тин Ујевиќ. Сега е професор по литература и светска историја - сигурно песните му се поучни и со јаки историски референци.

Додека вака херменевтички го исчитувате се уште непрочитаното, како што често, признаваме, правиме и ние, да ве поштедиме. Поезијата на Тихо е без местенки и многу човечка. Таа е како кошот кој одеднаш станува достижен, кога наместо да се мачите да ги досегнете апстрактните небесни височини, ќе почнете да гаѓате во неговата земна сенка. Така нема промашување. Ни во кошарката, ни во книжевноста.

Книгата ја има по книжарите (Матица, Или-или, Табернакул, Децата....)

Читај