Кога јагнињата ќе стивнат

Секое Чудо за 3 дена

Помина и Велигден (зошто Г а не К не се знае, ама тоа е официјалната верзија на драфтот) и Петок 13- ти за некој онака, за некој шит невиѓен!
Мене викендот ми помина работно, се спремаме за денот "Џ" и мојот нов албум, а у меѓувреме дур сум немал нет викендов (ТВ неглеам, освен надреалните вести на Сител за подвизите на Владата) и сум у тотален медиумски мрак.

 

Вторнички ми почнува животот (вчера ништо не работеше, па по автоматизам ми беше недела) и што да видам на чудото интернет... (епизодата од South Park) Катаклизма!

Се насобрале паравојски, па икони се позлатиле, па Јанкуловска затварала флиперници и пресметуела губит'ци на државни пари у миљони, па навијачи се пресметуеле со Желки... чудеса!

Обично се вели дека досадата раѓа идеи, како на пример:

1. Хомо-Сапиенс седел у пештера и му текнало дека може да општи со женскиот примерок + да заштеди на греење (исти курац ко сеа, само си у купена куќа/стан земен на кредит што не можеш да го платиш и место страв од Диносауруси имаш страв од извршители) и истовремено да се репродуцира и да изроди подобар модел на Хомо-Сапиенс.

2. Јабука му паѓа на Исак и му текнуе на закони!

3. Гаврило Принцип вика јебеш монархију и го рока Франц Фердинанд!

4. Хитлер пишува книга.

5. Во Босна убиваат сват во 92 ра година.

6. Брејвик ја спасува Европа од исламот...

Невработеноста и гладот можат да послужат како добар стимул за идеи, а богами ние ги иаме ептем овде, глад и беда - не само идеи.

Молотовиот коктел е првпат користен за време на руската инвазија на Финска, каде домишљатите Финци (познати по Финска водка, Сауна и Дедо Мраз) импровизираат раствор на масло за јадење со пертол во стаклено шише со фитиљ и го крстуваат по рускиот генерал - Молотов!

па ако ви текне...

Шеикот од Дубаи е визионер и полн со идеи, него му текнува цело време нешто, де остров оаза, де едро хотел и сл. Ние овде во обичната жичка гледаме - жичка, не дека немаме фантазија него дека толку е македонската черга долга... не умира магаре на зелена трева.

А баш ми фалат флиперите... тие се духот на малите села и градови (флиперницата у Охрид рецимо-кај Чинарот...пичиш Мустафа со еден житон и убијаш 2 саата од ичкур)

Имам идеја... да ги зееме сите политичари од Македонија и да ги пуштиме по ледот... нека ги носи сантата, исто како Инуитите и Канаѓаните - Set them a Float!

А нема да ми текне никад да:

1. Пукам на комшијата поради претпоставка... претпоставката е мајка на сите заебанции!

2. Купувам од пазар за време и пред Велигден каде што кутрите пазарџии го дерат народот со набиени цени  -мајку ви вашу опортунистички!

3. Глеам МТВ (иако го плаќам) се дур не даат нешто за тије 200 денари!

4. Да правам лоша музика поради компромис.

5. Користам Легален Windows... нема се стандард за то баце!

6. Бидам алатка на интересите на власта (заебаа работа, па сеа ја вадат етничката џокер карта)

ПС:

Често ми го прислушкуваат телефонот, па им ги давам клучните зборови како:
Мртов Премиер, УЧК, Ал Каеда и Бомба...да не се замараат, тој сум.

Околу идеите...

http://www.youtube.com/watch?v=cb5d2WoHqts

http://www.facebook.com/pages/legijata/117479270195

ПМС:

Јадам месо, уствари кинезот Куче да ми зготви како треба би го изел... ама ептем ми падна жал за време Велигден кога видов јагњенца со врзани ноџиња како кротат на улица во Прилеп - покрај пазарот, ги продаваше некој човек...го погалив едното живо јамболииче и ме погледна со очињата... ебате животот.
Со зборовите на Борат:

this is my pig Igor - he is my my friend!

18 април 2012 - 00:16