Кошаркар постигна 113 поени на еден натпревар

Либански кошаркар кој цела сезона имал просек од 7,6 поени, на еден натпревар постигнал неверојатни 113 поени.

Мухамед Ел Акари од тимот на Мутахед од Триполи постигнал 113 поени во победата од 173:141 над Беџех.

Дури и новинарите од Азија се изненадени како ова се случило, знаејќи дека на претходните 23 натпревари одиграни оваа сезона во кошаркарската лига на Либан, Ел Акари имал просек од само 7,6 поени на натпревар. Тој до овој успех стигнал најмногу благодарение на 32 реализирани тројки.

Според Гинисовата книга на рекорди, рекордот го држи Швеѓанецот Матс Вермелин кој на 13-годишна возраст за време на еден натпревар од регионален турнир во Стокхолм постигнал 272 поени.

4 април 2012 - 10:42