Книжулето со наслов „Rolling Words: a smokable songbook" (Зборови што се ролаат: пушлива песнарка) навистина содржи стихови од песни на познатиот рапер, но тие се напишани на хартија за виткање џоинт, или како што е нејзиниот стручен назив - ризла. Зошто некој би ја купил токму оваа книга за да ја испуши, кога може да си купи обична хартија, е тоа авторот веројатно не го зел предвид. Можеби сметал на симболиката на ефемерноста на пишаниот збор, горечката страст за хип-хоп, принципот на хедонизам. А можеби просто бил нешто расеан..
ПС. Шмирглата од страна може да послужи и за турпијање нокти.