антиреклама

Понижувањето на еден писател

Сајмон Спуриер е британски автор на крими романчиња, а насловот на неговата последна книга е „A Serpent Uncoiled" (Замотаната змија). И покрај добрите критики, и жанрот на делото, кој во принцип продава, Сајмон не успева во намерата да стане познат и богат.

Во миг на очај, тој посегнува по најлошото можно средство - снима клип, во кој се обидува да ни го привлече вниманието, и да ни ја објасни својата мака.

Можеби е до неговата фаца, или до тоа глупите навреди кои ги изговара затоа што демек најдобрите клипови на Јутјуб биле или смешни или безобразни, ама наместо сочувство тој кај нас предизвика тотална одбивност. Или нека си земе некој поискусен да го рекламира, или нека се помири со судбината. Само нека не им дава вакви идеи на купот талентирани а слабо платени автори и преведувачи, затоа што ќе нè преплават со аматериски, самопромовирачки видеа, чија основна порака е всушност една - „чиче, дај за леб".

12 април 2012 - 15:41