Се викала сестра Розета Тарп и е една од многуте жени маргинализирани од музичката историја. Нејзиниот начин на свирење гитара и пеење госпел го трасирал патот за Елвис и за многумина други.
Поп музиката не за почнала со Битлси во 1963, ниту со Елвис во 1956, па дури ни со првите сингл-плочи од 1949. Историјата на овој жанр има врска со името на американски композитор чии песни многумина ги сметаат за „народни“, односно дел од големата американска „песнарка“.
Mу дадоа Нобел за книжевност, но Дилан нема напишано книга од 2004, кога излезе првиот дел на мемоарот „Хроники“. Сега, наместо вториот дел кој одамна се очекува, тој најави книга на навидум поинаква тема.
Кога не само еден човек, туку голем број луѓе верува дека некој настан се случил, иако тоа не е така. Кое би можело да биде објаснувањето за овој феномен?
Љубовта помеѓу Битлси и Дилан била еднонасочна - четворицата му се восхитувале на талентот на Американецот. Овој пак не се воздржувал да ги исмева, кодирано ама сепак јавно.
Кога ќе направиме нешто добро за човек кого го знаеме, ретко помислуваме на сите оние луѓе на кои истовремено не сме им помогнале, а уште помалку на оние кои страдале како резултат на нашата првична помош. Дали фаворитизмот е всушност зло?
Некако не ни се верува дека поминале толку години. И тогаш, на 13 јули 1985, ни беше јасно дека станува збор за голем настан. Триесет и пет години подоцна, делува како нешто што никогаш повеќе нема да се повтори - 16 часа врвна музика, која преку 13 сателити и голем број ТВ приемници (во нешто што денес изгледа како „камено доба на телевизијата“) поврза скоро 2 милијарди луѓе.
Среде глобалната окупација која ни се случува поради пандемијата на коронавирусот, Боб Дилан слободарски реши да крикне, да го прекине авторскиот целибат и после цели осум години да направи нова песна. За убиството на Кенеди.
Вчера, 6.3., десетина вработени во познатиот издавач Ашет организирано излегоа од њујоршката канцеларија на фирмата, како протест против објавувањето на автобиографијата на Ален. Тоа, заедно со уште куп реакции, придонесе истиот ден Ашет да ја повлече својата одлука.
На свеченоста по повод доделувањето на Нобеловите настапи и Пати Смит, која имаше проблем да ја допее песната на Дилан, за момчето со сини очи и тешките дождови кои допрва ќе паѓаат. Во текстот објавен во Њујоркер таа објаснува што му претходело на овој настан и со какви чувства се качила на сцената. Есејот е одличен поглед во умот и срцето на оние од кои очекуваме просто да се качат на сцена и да нè забавуваат.
Вака-така Дилан сепак одлучи да му се обрати на Нобеловиот комитет, извинувајќи му се што не може да биде на свеченоста на доделувањето „главом и брадом“. А баш сакавме да го видиме со тоа орденот на гради, како одликуван генерал на поетско-музичарската војска.
Додека Американците го слават Денот на благодарноста, една необична приказна за концерт кој се одржал токму на овој ден пред 40 години, на бенд кој се вика - Бенд.
„Жива си? Затоа што Леонард не е“, ми пишал Трендо на СМС, откако не сум му одговарала на Скајп. „Ни преминал шизиков, се насеќаше“. „А дека мислев дека Коен е мртов веќе од пред некој месец?“, го полнеле сандачето други, обидувајќи се да ме разбудат.
Вчера, 13.10, додека очите на сите беа свртени кон Стокхолм и кон овогодишниот добитник на Нобеловата, на 90 години почина писател и актер кој истата ја доби во 1997. И тогаш, како и сега за Дилан, многумина рекоа дека тој не ја заслужува. Во неговиот случај затоа што бил - сатиричар.
На роденденска забава ден пред доделувањето некој ме праша кој ќе го добие Нобелот за книжевност оваа година. Претпоставката, која и не беше моја туку собрана по некое интернет сокаче, е дека ќе биде Американец, бидејќи последен пат кај нив „се паднала“ пред 23 години. „Можеби Дилан?“, праша некој. „Ааа не“, реков, „нема шанси“.
„Уметниците преземаат ризици кои еден технократ никогаш нема да ги преземе. Уметникот ризикува сè во сè што прави. Ризикот е она што го одделува уметникот од занаетчијата. Уметноста не е кариера, таа е копнеж,тежнение, одговор на повик.“
Шест години откако го сними „Тру грит“ со браќата Коен, Бриџис повторно глуми во нео-вестерн, еден од највисоко оценуваните филмови годинава, „Хел ор хај вотер“. Во интервју за Ролинг Стоун тој зборува на повеќе теми, меѓу кои за незгласливата популарност на Дјуд, Дилан и што научил од татка си.
Можеби сте чуле за еден Боб, Боб Дилан, човекот кој во 2009 ја издаде незаборавната „Мора да е Дедо Мраз“, што го позајми ликот и делото на реклама за Крајслер и за Викторијас Сикрет, фрлајќи ги во сенка неговите претходни хитови како Блоуин’ ин д винд и Д тајмс деи ар чејнџинг. Сега има нов проект - ќе прави порта за казино.
Почнува како хумористична и благо иронична репортажа за една садо-мазо ниша, а продолжува како крими трилер, со моменти на политички коментар. Да не се гледа ако имате јак скокот.
На 20 мај официјално ќе излезе 37-миот албум на Дилан. Четири дена подоцна тој ќе го прослави 75-тиот роденден. Деновиве на повеќе странски сајтови имаше привремен стриминг на песните, со порака дека се „недостапни во нашиот регион". Божем нема да се снајдеме...
Роден на 16 април 1936 во Ниш. После војната заради девојка дезертирал од ЈНА, и е осуден на три години на Голи оток. Индира Ганди и Нехру го викале да пее во Индија, каде е прогласен за крал на ромската музика. По снимање на спот за песна под наслов „Белиот коњ“ вистински го украл коњот и одјавал во непознат правец.
Радикален работнички активист, поет и музичар, Џозеф Хилстром, попознат како Џо Хил, повторно станува актуелен во контекст на кампањата на Берни Сандерс и неговата критика на капитализмот. И 101 година од неговата смрт пред стрелачки вод, класната нееднаквост и работничките права сè уште се актуелни теми.