Дилан е во фаза на осмислување и изработка на триумфална капија за National Harbor Casino во сопственост на Ем-џи-ем, која е наречена едноставно - Портал. Идејата е кога ќе минеш низ неа таа да те транспортира од реалниот надворешен свет во оној на фантазијата, во кој магично ги губиш парите секогаш кога ќе пристапиш на автоматче.
Ова не е првиот архитектонско-изведувачки зафат на Дилан. Во склоп на негова претходна изложба во галеријата Халкион во Лондон, беа изложени слични масивни порти, кои тој ги изработува од расходуван метал, играчки и старо оружје.Еве што вели тој за формата на портите воопшто:
„Капиите ми се допаѓаат заради негативниот простор кој го овозможуваат. Тие можат да бидат затворени, но во исто време овозможуваат сезоните и ветровите да минуваат низ нив и да течат. Можат да те затворат внатре или да те остават надвор. На некој начин, нема разлика.“
Овој метафизички пристап кон еден навидум обичен метален лак, нарачателите го надополнуваат со надежта дека портата ќе им ги „зголеми сетилните искуства на гостите“. За таа цела кога ќе се минува низ неа веројатно автоматски ќе се пушта Knock, knock, knocking...