Проектот ќе биде напишан и режиран од Џош Вејкли, австралиски сценарист и режисер, кому Дилан му има дадено одврзани раце да искористи некоја од неговите шестотини и кусур песни. Првичниот наслов е Time Out of Mind (Време вон умот), според насловот на албумот од 1997 кој освои три Греми награди и се продаде во тираж од над милион примероци во САД. Шоуто ќе покрива неколку децении, но главно ќе се одвива во Њујорк во 1960-тите и 70-тите.
Но песните нема да бидат само саундтрак за некоја со нив неповрзана приказна, туку самите ќе бидат основа за сценариото. Така, во првата епизода се работи за лик од песната на Дилан од 1964, „Балада за Холис Браун", очаен човек од фарма во Јужна Дакота кој си го убива целото семејство, а потоа и себеси. Песните можат да бидат изведени и од други музичари, бидејќи Дилан е сопственик на стиховите и мелодиите, но звучните снимки се сопственост на неговата долгогодишна дискографска компанија Колумбија рекордс.
ТВ сериите чија основа е музичка се тренд во последниве години, од „Винил" на ХБО, преку „Империја", хип-хоп приказна која се прикажува на Нетфликс, до Бит Багс, која се најавува за летово, анимирана серија базирана на песни на Битлси која исто така ќе се прикажува на Нетфликс. Нив, меѓу другите, ќе ги изведуваат Еди Ведер од Прл Џем и поп-пејачката Пинк.
И сето ова најмногу заради песнава -
Come gather 'round people
Wherever you roam
And admit that the waters
Around you have grown
And accept it that soon
You'll be drenched to the bone
If your time to you is worth savin'
Then you better start swimmin' or you'll sink like a stone