Вообичаено мислење е дека Олимпијади во средниот век едноставно немало. Но тоа не е сосема точно - меѓународни спортски натпревари сепак се одвивале, со трки со кочии и рицарски дуели.
Во 1983 „гоустрајтерот“ Бери Колман добил неверојатна задача - итно да напише книга која негов претходник ја влечкал со месеци, а чие неизлегување би значело крах на издавачката куќа. А темата не била баш едноставна.
На 6 ноември 1869, Ан Престон, деканка на Женскиот медицински колеџ во Пенсилванија и нејзините студентки требало да присуствуваат на предавање заедно со своите машки колеги. Ова за денешно време не е ништо необично, но тогаш претставувало радикален чекор. Машките студенти ги навредувале и ги плукале со џвакан тутун.
Кога ќе се споменат судења за воени злосторства по Втората светска војна најчесто се мисли на Нирнбершкиот процес. Популарната западно-европска и американска култура ретко се занимавале со судењата за воени злосторства на Далечниот Исток. Оваа серија е еден таков пример.
Германско-австриски филм заснован врз истиоимениот роман на Марлен Хаухофер од 1963, сосема соодветен за време на пандемии и карантини. За многумина препознатлив и без оглед на вонредните околности.
Пол Дезмонд, оригиналниот саксофонист од квартетот на Дејв Брубек, бил заљубен во Хепберн. Ѝ посветил песна, но никогаш не дознал дали воопшто ја имала слушнато.
„Разбудени“ од сите земји - заќутете! Вака би пишувал денес Бредбери за цензорите кои не гледаат ништо иронично во тоа што изрекуваат забрани во име на либерални идеи и слободи. Нему нештата сепак одамна му биле јасни.
Пандемијата наметна куп етички прашања, меѓу кои и она најстрашното - во ситуација на ограничени ресурси, на пример апарати за кислородна поддршка, кој ќе се квалификува како приоритетен, а кој ќе биде оставен да умре? Во САД во 1960-тите бил формиран комитет кој требало да решава на слична тема - кој ќе оди на дијализа, а кој не.
Јас сум четврта категорија на живот: немам возачка, немам автомобил, немам ни електричен тротинет, ни точак, ни двор. Мерен со технолошки критериуми на брзината и октанската ефикасност, јас сум нешто меѓу пензиониран полжав и уморна желка.
На 31 октомври 1926 починал познат адвокат од Торонто. Кога по некое време бил отворен тестаментот, тој содржел неколку шеговити ставки. Меѓу нив една која се покажала крајно бизарна, и крајно несмешна.
Денес основите на човечката респирација и метаболизам делуваат очигледни, а исто така здраво за готово се земаат и вентилаторите и респираторите на кои дишат оние кои имаат проблем со природното дишење. Но имало времиња кога неспособноста на телото да земе здив било неразбирливо, неизлечиво и фатално.
Концептот може да се преведе како „народно творештво“, а е развиен во средината на 1920-тите од страна на јапонски филозоф и естетичар. „Мингеи“ се однесува на секојдневните нешта, од облека и мебел до прибор за јадење и пишување. Малите нешта кои ни го чинат секојдневието, и кои ако се внимателно одбрани или рачно направени, ни го разубавуваат.
Пред некој ден светските медиуми пренесоа фотографија од пречек на кинески дипломат на Кирибати, островска држава во Тихиот океан. На неа тој гази врз луѓе кои се наредени легнати на стомак. Ова било традиционален начин на пречекување високи гости. Но не сите се согласија со ова толкување.
Винсент Нолте, германски имигрант во САД и трговец со памук од 19 век, станал милионер откако ја преживеал епидемијата на жолта треска во Њу Орлеанс. Самото тоа што преживеал а други во неговата бранша не, му овозможило економска и општествена предност. Дали стекнувањето антитела на Ковид-19 може да ги има истите последици?
Поради пандемијата, опседнатоста со миењето раце и зголемената хигиена е нагласена. Но и без тоа, дел сме од „дезодорирана“ епоха, во која стереотипно сметаме дека нечистотијата и опојниот мирис на немиени мишки не им пречеле на нашите предци. Што и не е баш така.
Прскањето против комарци претходниот викенд даде одредени резултати, така што сега комарци има уште повеќе, плус се побесни. Ги изнервираа со некое евтино срање па се дигнаа и оние мамурните кои не планираа да излегуваат викендов. Сега гризат ко териери.
Во Америка паѓаат статуи на историски ликови кои поседувале робови или имале врска со ропството на црнечкото население, меѓу нив и оние статуи на основачот на државата Џорџ Вашингтон. Ами Хоровиц сака да провери дали на луѓето им е дојдено да расчистат баш со сите кои имале робови.
Во напливот на протести и реакции по убиството на Џорџ Флојд во САД, и во Британија - некогашната голема колонијална сила - се случува преиспитување на минатото и на актуелниот расизам. Во тој излив на гнев страдаат и некои досегашни културни икони, кои (најверојатно) немаат никаква врска со темата.
Понекогаш во серии кои се за дрога, убиства и прељуба ќе се најде некој ситен, навидум страничен детал, кој овозможува симболичко толкување на целата содржина. Во случајов инвазивен вид птици, за чие постоење во САД е виновен - Шекспир.
Земаме воздух 25.000 пати дневно, без да мислиме на тоа. Но пандемијата фрла нова светлина на респираторните болести и здивовите кои ги сфаќаме здраво за готово.