Петар Луковиќ:

Никогаш не сум возел кола, ама сум казнет за брзо возење

Јас сум четврта категорија на живот: немам возачка, немам автомобил, немам ни електричен тротинет, ни точак, ни двор. Мерен со технолошки критериуми на брзината и октанската ефикасност, јас сум нешто меѓу пензиониран полжав и уморна желка.

Да разложиме математички. Постојат луѓе кои имаат возачка дозвола и автомобил. Исто така, постојат луѓе кои имаат дозвола ама немаат кола. А негде пак имам читано за човек кој купил ауто ама не знае да вози. Кога го прашале што ќе му ауто да му кмиши среде двор, мудро одговорил: „Нека се најде, никогаш не се знае.“

Јас сум четврта категорија на живот: немам возачка, немам автомобил, немам ни електричен тротинет, ни точак, ни двор. Мерен со технолошки критериуми на брзината и октанската ефикасност, јас сум нешто меѓу пензиониран полжав и уморна желка.

Очигледно неспособен да решавам за сопствениот превоз, секогаш зависам од други; сеедно дали е тоа градски превоз, такси или некоја ретка пријателска душа која би ми помогнала да се префрлам од точка А до точка Б, секогаш се чувствувам како странец. Не можам да кажам „ова е моја кола“ кога не е, не смеам јако да треснам со врата, не можам баш да кенкам да ме однесат точно кајшто треба - или е хаос од гужва или е гужва од хаос, или нема паркинг или таму никогаш и немало паркинг. Главно ќутам. Јеби га, човек без дозвола и автомобил нема право да се меша во туѓу бензиски животи.

Никогаш немам фројдовски копано по остатоците од детската свест за да ја расветлам својата рамнодушност кон четирите тркала на бернзиски погон. Во времето кога сум роден, на почетокот на 50-тите, речиси и да немаше приватни коли, ама имаше службени; и многу камиони и премногу војни џипови кои ги имаше во големата гаража на касарната во Ваљево. 

Азбуката почнува со зборовите  - The Beatles

Уште од детството, единствено што ме интересираше беа буквите и зборовите, азбуката ја научив на пет години, со 6 тргнав во школо, читав весници, ги открив стриповите а потоа се заљубив во криминалистички романи (таа грозница и денес ме тресе) за на своите „интереси“ да им ставам крај во 1962 година, кога ја слушнав песната “Love Me Do” на непознатата група Битлс.

Музиката и книгите немаа никаква конкуренција во мојата стеснета свест; не сакав да се занимавам со спорт, најмногу мразев трчање и прескок, ми беше досадно да играм фудбал а и не знаев, мајка ми ми кажуваше дека најчесто сум седел и сум читал, читал...

За разлика од други родители кои се горди кога малото синче ќе им седне во големото седиште и ќе го опфати џиновскиот волан, татко ми го имаше сфатено она што и јас: не е кола за мене.

Кога од Краљево дојдов во Белград, есента, 1962 и се запишав во Шестата белградска гимназија, автомобил ми беше последната работа на кој мислев; живеев во град во кој не беа големи гужви и каде трамваите и автобусите изгледаа суперсонично брзи. Кола не ми требаше, не одев по излети, немав роднини на село, не ме привлекуваше да одам таму во некоја дивина кога дома го имам новиот албум од Ролинг Стоунс!

Во осумдесетите години испадна дека почесто патувам со авион и автобус отколку со кола. Заради музиката, почнав редовно да одам во Лондон, речиси секој месец бев во Загреб и Сараево, бидејќи ЈАТ во тоа време беше прилично добра компанија со евтини карти. Значи, повторно, што ќе ми е кола.

Ако баш треба, имаме и кола! Попрецизно, сопственик на жолт Голф е Божо, татко на жена ми, професионален возач во пензија. Во време на неправедните и незаслужени санкции против секогаш мирољубивиот небесен (српски) народ, Божо вредно ме возеше мене и мојата (покојна) сопруга Вишна во потрага по некоја од самопослугите кои цвилеа со празнината на инфлацијата. Божо стоеше на располагање секогаш кога ми требаше за нешто итно и важно, на пример на 7 октомври, во време на рушењето на режимот на Милошевиќ.

Ме вози Божо да одам во Нови Сад, да се најдам со некои љубопитни шведски новинари кои ја следат ситуацијата во Белград. Тргнуваме да се спуштаме низ Звездара, ни брзо ни полека, таман по прописи, одиме на средна лента кога, од лева страна, некои жени мавтаат на другата, десна страна на улицата. Во мавтањето изгубија контрола на возилото, нè удрија од лево, ние отидовме надесно и се зачукавме во некое новосадско комбе. Ништо страшно, нема повредени, колата е сјебана ама - сè е во ред.

Курац е во ред! Излегувам јас од совозачкото седиште, а оние двене што мавтаа, почнаа да викаат, покажувајќи на мене: Тој возеше, Тој возеше! Стигнува и оној нивен пријател на кој му мавтаа и викнува: Така е, тој возеше, видов! Несреќниот Божо никој ништо не го прашува, сите тврдат дека тој е патник.

Оние две хистерични жени почнуваат да викаат роднини и пријатели, гледам десетина лути Роми како нешто му објаснуваат на полицаецот, покажувајќи накај мене, и ете ти и сообраќајна патрола. Од сите страни стигнуваат нови Роми. Циркус. Кај ли се Швеѓаните?

Пресуда: загрозил сообвраќај, возел брзо, фатен без дозвола. 

Ми пристапува службено лице и бара возачка дозвола. Немам. Не сте ја земале, вика тој. Не, човеку, немам дозвола. А не ни возев туку мојот тест, Божо. Тука почнуваме да се расправаме среде разузданата толпа но еден од полицајците направи нешто крајно интелигентно, нареди Божо и јас да тргнеме во полициска станица и таму да разјасниме кој бил патник, а кој возач.

Расчистено е до јајца, обвинет сум дека сум возел без возачка дозвола, за брзо возење и загрозување на сообраќајот. Божо го прогласија за „сведок“ и му бараа да опише како јас сум удрил во комбето. Тој тргнува да објаснува како возел, ама полицајците го прекинуваат („Не трескај!“) и се вртат накај мене, уверувајќи ме дека е подобро сега, овој момент, сè да признам отколку да одам на суд.

Таман кога сакав да спомнам адвокат, доаѓа некој голем сообраќаен шеф, скокнувваат униформираните лица, еден му кажува на шефот дека сум удрил во комбе и сум сакал да побегнам и дека немам дозвола... Шефот продорно ѕвери во мене, да нè почнале со хипноза, почнав да трипам.

- Дали - ме прашува шефот - ти беше со Ѓинѓиќ на телевизија минатата недела?

- Да, во Нови Сад.

Се врти кон подредените и со стакато тон тргнува со наредби: Поднесете пријави против овој (покажува на мене) и пуштете го сведокот (покажува на Божо). Јасно ли е?

- Јасно, шефе!

И после тргна да ме прогонува Осигурителното друштво да платам отштета за она комбе во кое бевме натерани да удриме. Само 2.000 марки. Потоа тргнуваат судења 2001 и 2002, јас немам ниеден (Божо не го сметам за сведок) а оние два женски хистерика имаат полн ходник Роми- сведоци, сите се колнат во мајки и татковци дека сум возел опасно, сум загрозил туѓи животи, можев да оставам деца без родители, само солзи што не тргнаа за старите и подмладокот.

Една од тужителките му вика на судијата дека често ме гледа како со кола кружам околу мојот солитер и дека отсекогаш сум ѝ бил сомнителен; вози така во круг - вика таа - и којзнае што планира.

Судијата ме гледа загрижено. Манијак од Ѕвездара, во празна кола, вреба нови жртви.

Како да насетувам што ќе се случи, се обезбедив, го побарав мојот (тогашен) пријател, прочуениот адвокат Иван Јанковиќ, да ми помогне во овој бизарен случај. Нормално, не дојде на второто, клучно рочиште туку прати некоја приправничка која пет минути пред рочиштето, ме праша кого тоа сум повредил со колата. 

Осуден сум да платам илјада марки, плус трошоци на судењето (500 марки), и да му платам на Осигурителното друштво 2.000 марки, плус камати (300 марки).

Одам кај адвокатот Јанковиќ во неговата луксузна канцеларија на неколку нивоа, да му изнакажам сешто. Се дерам на цел глас, лут, а Јанковиќ, со својот томпус, покажува низ прозорецот:

„Немој бре, Луковиќ, види каков прекрасен ден е, види го ова небо, животот е убав“.

Се свртев и заминав, никогаш веќе јас и овој адвокат се немаме ни видено ни чуено.

*************

Кога лекарите лани ми констатираа рак на бели дробови, знаев дека ќе висам по болниците во самиот центар на градот, таму кај што е бетер од Менхетн на пладне. Така и бидна.

Во септември го срушив рекордот, заради нов карцином, дури 22 дена одев од Звездара до Обединетите клинички центри на Србија, понекогаш и по два пати дневно. Сè со такси. Сè со кеш, вкупно 400 евра за месечен превоз. Ама па и пензијата не е мала, 260 евра, опа!

Да сум, скраја било, религиозен, одма би заклучил дека демони имаат фрлено некоја клетва. За среќа, таксито уште работи. Фалат само проклетите пари од кои изгледа сè зависи. И самиот живот.

Петар Луковиќ

 

13 ноември 2020 - 13:43