На претседателската дебата оддржана на 29.09, водителот експлицитно побара Трамп да ги осуди белите супрематисти. Одговорот на Трамп беше протолкуван како кодиран повик кон нив, да „бидат така“ во случај на потреба.
Ја замисливме поставена на тромеѓе Македонија-Грција-Бугарија: светлосни снопови го параат небото, луѓе се спојуваат преку космички аудио канал, и по првите срдечни поздрави за да им се направи атер на организаторите, почнуваат кошкањата. А можеби и сосема обратно - се врти на песна и на виртуелно споделена пијачка, додека рефлекторите формираат срциња на небото.
„Американска утопија“ се случил непланирано. Брајан Ино му пратил неколку снимки со тапани, Брн почнал да експериментира, и одеднаш добил десет нови песни. Реалист, но не и циник или песимист, тој и овој пат го истражува моментот во кој живееме, велејќи во една од песните: „Ние сме туристи во овој живот/Само туристи, ама глетката е фина“.
Пред некое време пишувавме за тоа како светот го преведе shithole на Трамп, опис кој тој го употреби за Хаити, Ел Салвадор и земјите од Африка. Хрватска го искористи сочното „вукојебина“, Финска „шупачки држави“, кај нас „дупки“ или „свирипичино“. Но каква е историјата на англискиот термин?
Позната како „блекаут“, колажна или редактирана поезија, таа се создава од постоечки текст, со покривање/бришење/сечење на одредени зборови, по што тој добива нова смисла.
Вчера, 12.09, од печат излезе новата книга на Хилари Клинтон, „Што се случи“, која се однесува на последните претседателски избори во САД. Дали таа ќе влезе во пантеонот на големите политички мемоари или ќе биде уште една пост-политичка крава за молзење уште по некој долар, тоа е рано да се процени. Но она што е поинтересно е колку реално луѓето се интересираат за вакви изданија.
Не дека и претходно немаше романи кои од далеку најавуваа можност некој како актуелниот 45-ти претседател на САД да го преземе кормилото на земјата. Но новата книга на Хауард Џејкобсон е опишана како „брутална сатира која ги повикува сите писатели на активен отпор“ кон човекот кој сега има име, презиме и еден фин епитет, кој е просто греота да се троши за опис на ликови како него.
„Ама така пишуваше на интернет, професорке!“ - стандардното објаснување за некаква глупост во семинарските на генерациите растени онлајн барем за оние американските има антидот во форма на систем за проверка на вистинитоста на она што се цитира. Тој сега има и нов начин на датирање - пред, за време и (кој знае) по Трамп.
Малку личат на твитови, но Трамп каков што го дал Господ сигурно не би трошел ни збор повеќе од наведеново за истовремено да го раскаже и оцени секој од филмовите (кои и онака не ги гледал). Тажно!
Не е само Орвеловата „1984“ таа што почна да се продава ко алва откако САД добија нов претседател. Збунетите и гневните се свртија и кон други книги за во нив да најдат објаснување на она што се случува. Притоа, на прво место избива една која до сега беше малку подзаборавена.
Мат Паркер и Треј Стоун велат дека новата американска администрација ќе биде тешка за заебавање. Причина - тие веќе се доволно комични. А сепак и толку реални.
Откако Трамп едвај состави листа на музичари кои би настапиле на неговата инагурација, сега се соочува со закани за генерален штрајк. И дел од културните работници се придружуваат на идејата. Но дали е ова навистина промовирање отпор или позерство?
Како што обично бива, откако ќе се испукаат листите на наградените почнуваат анализите - зошто добил оној а не овој, кој како бил облечен, кој водител бил најсмешен, кој воопшто не се појавил. Но како ретко кога до сега, анализирани се политичките пораки на настанот, кој е изгледа само вовед во истата таква ангажираност на Оскарите.
Како ви звучи кога нешто е опишано како елитно? „Елитен ресторан“, „елитна гимназија“. За некого оваа придавка е сигнал за посебност која мотивира. За други асоцира на некакви замислени олимписки височини, класна поделеност и недостапност. Антиелитистичкото чувство во САД ја одбележа изминатата година, а „елитно“ стана еден од најнепосакуваните епитети, пишува Њујорк Тајмс.
Навикнати сме класичната музика, особено операта, да се занимава со метафизички теми, метафорично прикажани низ ликови и теми од историјата. Но она што денес изгледа како банална актуелност, утре ќе биде историја. Полна метафизика.
Документарецот-изненадување, кој почнал да се снима пред само 12 дена, е многу повеќе обид Мур да ѝ помогне на Хилари Клинтон пред финишот во претседателската трка, отколку што е некаков портрет на Трамп. Ама па не дека е многу нежен кон него.
„Уметноста на договорот", објавена во 1987, која помина 51 недела на бестселер листата на Њујорк Тајмс, направи Американците во Трамп да гледаат шармер со неверојатно чувство за бизнис. Ко-авторот, а всушност вистински автор на книгата, Тони Шварц, сега вели дека со неа ставил „кармин на свиња".
Од една страна, мимикрирањето на политичка сатира во форма на детски сликовници е симпатично, можеби на долги стази и поучно. Од друга страна, мора ли и децата да ги заморуваме со истите ликови со кои сме опседнати ние?
Ноам Чомски го нарече „посмртно ѕвоно за човечкиот вид". Стивен Кинг и уште 450 американски писатели потпишаа петиција против неговата кандидатура. Нo има и такви писатели кои велат дека, за арно или за лошо, тој до сега не направил ништо што е против принципите на демократијата.
Претседателските кампањи можат да инспирираат луѓе да гласаат, да се черачат со противници на социјални мрежи, да гледаат повеќе вести, да се изолираат во некоја недојдија без ви-фи, ама да компонираат? Џез пијанистот Марк Робертс на трката за претседател на САД реагира токму така, со музика.
Режисерот и уметник од Лондон, Гај Ларсен, во сликовница која и не е баш за деца, тврди дека виновник за проблемите со трамповата зла личност и исто такво дело лежи во неговиот заштитен знак - мистериозната коса.