Доналд Трамп им се испружи на Кинезите, се откажа од американските вредности, звучеше како никогаш во последниве години и му се поплука на првиот амандман на нашиот устав. Вака „Салон“ ја сумира првата посета на американскиот претседател на земјата која долго ја таргетираше како главен непријател.
Бил Гејтс, Џеф Безос и Ворен Бафет имаат исто богатство колку и најсиромашните 160 милиони Американци заедно. Тројцава вкупно имаат 248,5 милијарди долари, што според Институтот за истражување политики е повеќе отколку што имаат 160-те милиони најсиромашни во земјата.
Таен документ на германската армија од 102 страни предвидува дека Европската унија може да се фрагментира и распадне за нешто повеќе од 20 години од сега.
За да му удоволи на својот шеф и неговата опсесија дека ќе зачувува рударско-топилничарски работни места на поштениот американски работник, првиот човек на американската енергетика успеа да најде уникатен аргумент во полза на фосилните горива: намалувале сексуални напади.
Во време кога американската демократија е нападната и од внатре и од надвор, кога институциите секојдневно се растураат, најбогатите добиваат постојани даночни олеснувања, а од Белата куќа блика фашизам, илјадници противници на Трамп одлучија да се соберат и ритуално да се дерат колку што можат погласно.
Обвиненијата против шефот на кампањата на Доналд Трамп носат десетици години затвор. Не се директно поврзани со сомневањата на односите меѓу Трамп и Русите но ова е досега најблиското стегање на обрачот околу актуелниот претседател.
По две војни кои се уште тлеат, стотици илјади убиени цивили, илјадници загинати американски војници и потрошени неброени милијарди долари, на Џорџ Буш помладиот му требаа само 9 години за да го рехабилитира својот имиџ.
Знаевте дека на Американките апчињата за контрацепција им влегуваат во здравствено осигурување? Е па, сега адмиинистрацијата на Трамп има идеја како да не им влезат.
А што ако грешиме за Владимир Путин? Ако деновиве го следиш американското покривање на рускиот претседател, ќе помислиш дека тој е 3 метри висок куклар кој само треба да ги мрдне конците за неговата хакерска армија во Кремљ да ги натера заљубените во демократија Американци да се тресат над своите ајфони, дома незапирлив џин подготвен да ги предизвика САД на голем број фронтови во странство, пишува Сузан Гласер во текстот за Политико.
За Канаѓанецот кој минатата недела заедно со своето семејство беше ослободен по 5-годишно заробеништво во Авганистан, една од најтешките работи да поверува додека е во заточеништво е дека Трамп е претседател на САД.
Откако неколку месеци има директно спротивставување и пречки во својата матична телевизиска мрежа, новинарот на Ен-би-си њуз Ронан Фароу решава ексклузивната приказна за Вајнстин да ја однесе во Њујоркер.
Биограф на Доналд Трамп раскажа како актуелниот американскиот претседател своевремено го убедувал како слика што ја поседува била прав, правцат Реноар. Скорешно видео интервју со првата дама на САД открива дека лажњакот уште им виси по дома.
Американски професор по историја во Њујорк тајмс ги потсетува Американците дека беспоштедната политичка пропаганда не е измислица на злите Руси. ЦИА во 50-тите години за истата цел го создава Радио Слободна Европа, станица која само за реклами добива медиумски простор од две милијарди долари.
И двата сексуално малтретирале колешки. Првиот конзервативец, вториот либерал. На првиот ток-шоу домаќините душата му ја извадија За вториот - штама. Освен Џон Оливер (подоцна и Колбер). Двајцата излезени од работилницата на Џон Стјуарт.
Долгогодишната хистерија околу Русија, грижливо потпалувана од американските меинстрим медиуми и од НАТО пропагандата, ги втурна Американците во милитантно расположение, правејќи ги спремни „да се борат и да загинат“ за прекуоекански земји за кои до вчера немаа ни слушнато.
Муабет со човекот кој две децении важи за совест на технолошкиот развој и e упорен адвокат на отворените кодови, отворените влади и сè друго што е 'отворено'. Тим О' Рајли ги предупредува своите Американци дека ако не се свестат, ќе мора да се помират дека Кина ќе биде лидер на оваа планета.
Како дел од програмата за протерување што е можно повеќе нелегални мигранти администрацијата на Трамп постави и кодошка телефонска линија на која анонимно можеш да пријавиш некој од оваа група. Неочекуван нус-производ на ова е бројот на луѓе што тајно пробуваат да ги депортираат роднините на својот партнер/ка.
Хју Хефнер, кој на 91 година замина по својата награда, беше порнограф и шовинист кој се збогати од мастурбaција, конзумеризам и искористување на жените. Остаре претворен во гротеска со капетанска капа, а почина како стаорец во вила која се распаѓа, со порно кое татни за време на неговите патетични оргии, пишува Рос Дутхат во колумната за Њујорк Тајмс.
Утехата на демократите е дека веќе е крајот на 2017 и се ближат меѓу-изборите за Конгресот во 2018, па за не така долго време "се додека успееме да избегнеме нуклеарна војна" претседателските избори во 2020 ќе бидат крајот на Трамп, пишува Пол Волдман во Вик.
Дали затоа што во секој момент може да твитне нешто што ќе заврши со смрт на десетици илјади луѓе, дали затоа што редовно игра по живци на јавноста со гранично расистички твитови или затоа што народ не сака да си легнува во паника од тоа што ќе твитне американскиот претседател во 4 и 20 сабајле, очекувањата на јавноста се дека Твитер ќе ја блокира и затвори сметката на Трамп. Е па, нема.