Администрацијата на Трамп (ова вака формулирано затоа што просто е незамисливо Трамп некогаш да помислил на контрацепција за жени, освен кога не му се имало ново дете) смислува едно што се вика fertility awareness, или ако сакате – планирање на плодност, една сомнителна техника за планирање на семејство со која неуспешно се чуваат од несакана бременост четвртина од жените во Америка. Белата куќа сака да го скрати финансирањето за Американската агенција за меѓународен развој и буџетот што го има за планирање на семејство и да побара „еднакво финансирање” за планирање на плодност. И ова, сметаат од Белата куќа, треба да биде единствениот метод за контрацепција кој ќе им биде достапен на младите девојки.
Ова е протечена информација, за која се уште нема никаков коментар од изворот.
А што е планирање на плодноста?
Ова го знаеме и како „календарски метод”, или „метод на ритам”, кој бара од жените грижливо да го набљудуваат својот менструаелн циклус, да ги означат деновите кога овулираат и да избегнуваат секс во тоа време за методот да биде ефективен. Многуте трудни/мајки чија што изјава била „не знам што се деси, не бев у плодни денови” се доказ дека овој метод, иако понекогаш релативно корисен – не е доволно сигурен. Не само од муабети, туку статистички, 30 проценти од жените имаат нередовни циклуси, па календарот често знае да излезе од студии и истражување како најнеефективниот начин за планирање семејство. Да не забораваме и колку малку сексуална едукација се нуди за млади девојки, особено во делови од Америка каде што се промовира апстиненција како најдобро решение.
Не сме ние толку далеку од западот.
Трамп делува доста незаинтересиран за последиците од војната на неговата партија против репродуктивното здравје на жените. На почетокот на месецов, им текна и да го преиспитаат барањето сите работодавачи да вклучат и покривање на контрацепција во здравственото осиурување на жените кои им се вработени, што е одлука која би им го ограничила пристапот до контрацепција на оние со најниски приходи.