64 зборови што Трамп ги има најдобро изговорено за досегашниот мандат како владетел на САД. Речиси неверојатно, прво видеово, второ што ќе гледаме како ништо од ова нема да му попречи во походот кон втор мандат.
Нови работни места, обновување на инфраструктура, здравствена заштита, даноци, екологија, борба против криминал, оправање судство, се работи што може секој политичар да ги вергла по митинзи. Трамп не е секој политичар.
Сите руски воени ветерани од Русија и Балтичките земји ќе добијат еднократен надомест за нивното учество во Втората Светска војна по повод 75-годишнината од победата над фашизмот.
Додека Демократите даваат се од себе за да им пројде импичментот, Доналд Трамп постави претседателски рекорд постирајќи 125 твитови и ретвитови во еден ден.
„Ние сега сме БРОЈ ЕДЕН во Универзумот, со голема разлика!!“ напиша Трамп на Твитер пред да стапне на швајцарско тло каде треба да се сретне со останатите светски лидери.
Како што минува време така објаснувањето на американската администрација за убиството на иранскиот генерал станува се понедоследно, до ниво што почнува да потсетува на времето кога на Ирак му измислија оружје за масовно уништување.
Трамп тргна да објаснува колку е добар во дипломатија, за до крај на реченицата да признае дека всушност рекетарски ги продава американските војници како заштита низ свет.
На неколку недели пред гласањето во 2016 кога медиумите само што не ја преселија Хилари во Белата куќа, Мајкл Мур, на сериозна лична штета, јасно порача дека Трамп ќе победи. И така бидна. За сега, има само предупредување дека тоа може да се случи.
Во едиторијал под наслов „Impeach“, уредничкиот борд на Њујорк тајмс побара импичмент на американскиот претседател, со тоа приклучувајќи се на неколкуте проминентни весници кои отворено повикуваат на негово отповикување од функцијата.
Целата плата што Трамп ја зема за државната функција што моментално ја држи, ја донира во добротворни цели. Проблемот е што од друга страна го искина буџетот со службени трошоци.
Фотката од белешките на Трамп за изјавата пред новинарите ја стави во 5-та брзина меме машинеријата на интернет, и излегоа некои врвни резултати, како Рамонс и Морисеј препев на „лириксот“.
Меѓу главните проблеми на Украина е воспоставувањето на државна граница со Русија, граница која никогаш претходно во историјата не постоела во оваа форма.
Луѓето од Пентагон и Стејт департманот интензивно работеле што побрзо да ја вратат воената помош на Украина, но никако не можеле да договорат состанок со Трамп затоа што неговите соработници премногу биле зафатени во наоѓање начин како да го купат Гренланд.
Трамп и претходно се жалеше дека неговата кампања некоректно била мета на истрага околу наводна вмешаност на Русите во американските избори 2016. Сега откако истрагата против Трамп не успеа, тој ја впрегна сопствената администрација да открие чија нарачка била истрагата.
Откако императорот Закерберг обзнани дека на натпреварот за претседател 2020 ќе дозволи политичарите да лажат во предизборните реклами, една од поранешните вработени на Кембриџ Аналитика (и клучен сведок во нивните злодела низ светот) порача дека кампањата на Трамп ќе има значителен бенефит од ова.
Белата куќа објави дека Белата куќа го избрала Трамп Нешнл Дорал ресортот во Мајами, инаку во сопственост на главниот во Белата куќа, како локација за Г7 самитот во 2020.
„Не биди насилник“ и „не биди глуп“, веројатно и не е ни најстрашниот дел од писмото на Трамп до турскиот претседател, доволно неверојатно за американски новинари да треба дополнително да проверуваат во Белата куќа за да се уверат дека е вистинито, а не намештаљка.
Откако излезе сведоштвото дека сега отпуштениот советник на Трамп, Џон Болтон го нарекол Џулијани „рачна бомба“, овој вториот побрза да врати дека Болтон бил „атомска бомба“. Тие што гледаат од страна се надеваат дека Болтон ќе „пукне“ во претстојниот импичмент на Трамп.
Парите опфаќаат само закуп на простор за рекламирање, а не е и цената за нивно снимање или создавање, и за периодот од 14 дена ова му доаѓа повеќе од половина милион долари на ден.
„Кога го прашаа не знаеше што да каже, се тресеше како мало дете“, рече американскиот претседател за легендарниот Стив Кер, кој во неколку наврати се приклучи на одлуката на Вориорси да не ја посетат Белата куќа како шампиони во НБА (2017 и 2018).