Трамп веќе некое време се има фатено за еден твит на СЗО од 14-ти јануари, во кој се наведува дека прелиминарната истрага на кинеските власти не открила докази за човек-на-човек пренесување на вирусот. До 30-ти јануари СЗО го прогласи вирусот за „итна состојба за јавното здравје“, а на 11 март го прогласи за пандемија.
Кога Трамп на 31-ви јануари ги забрани летовите кон Кина, најголемиот број од авио-компаниите веќе ги имаа откажано летовите кон земјата. Кон крајот на февруари Трамп изјави дека ширењето на ковид-19 во САД не е неизбежно и дека опасноста за Американците „останува ниска“. Неговата процена беше дека бројот на заболени во земјата, во тоа време само 15, за неколку дена ќе падне на нула.
Трамп навел и дека во декември имало кредибилни информации дека болеста се пренесува од човек-на-човек, меѓутоа СЗО не реагирале соодветно, тривијално дополнувајќи „толку многу смрт е последица на нивните грешки“.
Освен неразумноста на казнување на СЗО сред глобална пандемија, забелешките се дека Трамп по службени канали бил повеќе пати и од повеќе страни предупреден за опасноста од коронавирусот, додека во исто време експертите за јавно здравје алармирале дека САД ќе има стотици илјади мртви и дека ќе ја крахира американската економија.