Еднократната исплата ќе биде во износ од 50.000 до 75.000 рубљи (800 до 1200 долари), и ќе важи и за оние што биле во нацистичките концентрациони кампови, како и за вдовиците или вдовците на руските воени ветерани.
За бонус се квалификуваат и руските ветерани кои живеат во Литванија, Латвија и Естонија.
Парите ќе бидат исплатени во април и мај како дел од прославата на 75-годишнината од победата над нацистичка Германија во „Големата татковинска војна“, како што Втората светска војна се нарекува во Русија и поранешните република на СССР.
За 9-ти мај на Црвениот плоштад ќе се одржи традиционалната воена парада, на која ќе присуствуваат и светски лидери (чиј состав главно зависи од тоа кој како се чувствува во однос на Русија). Путин во ноември изјави дека има испратено покана и до Доналд Трамп, и дека би бил „прав чекор“ ако американскиот претседател ја прифати поканата.