Г7 самитот треба да се одржи од 10 до 12 јуни, а Трамп и претходно го споменуваше својот ресорт во Флорида, објаснувајќи дека е блиску до аеродромот, има доста хотелски соби и засебен објект за секоја делегација.
Досега кога САД биле домаќини на Г7, самитот се одржувал во Порторико, Вилијамсбург, Денвер, Хјустон, Морскиот остров во Џорџија и Камп Дејвид.
Она што универзално веднаш беше прогласено за конфликт на интереси, доаѓа во време кога Доналд Трамп го обвинува семејството на Џо Бајден дека го искористило мандатот на поранешниот потпретседател за лична корист.
Главните критики околу одлуката на Трамп се некаде во рамките меѓу „ова е неверојатно“ и „владата ја направи маркетинг оддел на Трамп организацијата“.
Од Белата куќа потврдуваат дека пакет аранжманот бил идеја на Трамп.