„Саудиска Арабија плаќа за нашите сили. Имаме многу добар однос со Саудиска Арабија.
Им реков, слушај, вие сте многу богата земја. Сакате уште војска? Ќе ви ги пратам, ама ќе мора да ни платите.
И тие ни плаќаат. Веќе имаат ставено 1 милијарда долари во банка,“ изјави Трамп во интервјуто за Фокс њуз.
Освен дека дале пари, не е јасно, ниту пак Трамп појасни, со каква „дознака“ биле уплатени 1 милијарда долари. Инаку, по нападите на објектите на Арамко од 14 септември, САД има испратено околу 3.000 војници во Саудиска Арабија, а бројката најверојатно ќе се зголеми по атентатот врз иранскиот генерал Касем Сулејмани.
Во интервјуто Трамп објасни дека ист договор имаат со Јужна Кореја, со таа разлика што тие имаат субвенционирана тарифа од 500 милиони долари за десетици илјади американски војници.
Трамп во неколку реченици успеа да ги разбие и сите хуманитарни илузии околу американското присуство во Сирија, изјавувајќи:
„Велат дека сум оставил војници во Сирија. Знаеш што направив? Оставив војници за да ја земат нафтата. Ја земав нафтата. Единствените војници што ги имам таму ја земаат нафтата. Тие ја заштитуваат нафтата. Јас ја преземав нафтата.“