
Американскиот претседател пристигна во Давос во време кога во неговата родна грутка во тек е процесот на негово отповикување.
Сите дилеми околу неговата агенда во Давос, Трамп ги разреши исто така на Твитер порачувајќи дека неговата намера е да „донесе добри политики и дополнителни стотици милијарди долари назад во Соединетите Американски Држави.“
Летот до Швајцарија тој го искористи и за дополнително твитање, посебно да потсети на „фејк новинските медиуми“ кои постојано избегнуваат да зборуваат за тоа колку е добра и напредна економијата на САД во време на неговиот мандат.
Говорот на Трамп во Давос е закажан за 11:30 часот.