На сајтот на Дилан се појави нова песна - преработка на „Полна месечина и празна прегратка", чија најпозната верзија е онаа на Синатра од 1946. Но нејзината основа всушност е во класичната музика.
Видео снимка од 1975-та година, кога Боб Дилан првпат во живо ја изведува протестната "Hurricane', песна инспирирана од неправдата кон боксерот Рубин Ураганот Картер, човекот кој деновиве почина на 76 годишна возраст.
„Гас и јас: приказната за дедо ми и мојата прва гитара" е прва книга за деца на славниот Кит, илустрирана од неговата ќерка Теодора. Дедо му, Теодор Аугустус Дупре, на кого се однесува книгата, свирел џез во биг бенд и го вовел Кит во музиката.
На 48-от Супер Боул имаше вкупно 58 реклами (колку што ние можевме да собереме). Сме кажале ама да потсетиме, спот од 30 секунди чинеше 4 милиони долари. Ги собравме сите и ги поделивме во категории. Изволте.
Ако пред-дилановската сцена на Гринич Вилиџ не ви прави мерак, и ако саундтрак сам по себе не ви е доволен за да прогласите некој филм за добар, тогаш овој не е за вас. Единствено може да помогне ако сакате мачки.
За тоа дека не треба да бараш признание за инспирација, за преценетоста на идејата за „совршена среќа", неговите омилени писатели и професија, и бонус видео од неговата оскаровска песна.
„Внатре палатата на соништата: животот и времињата на њујоршкиот легендарен Челси хотел" е нова книга на Шерил Типинс која ја раскажува приказната за еден објект кој е нераскинливо врзан за историјата на современата култура.
Организацијата Хрватски светски конгрес, која го обединува хрватското иселеништво, наскоро пред судот во Париз ќе почне судски процес против американскиот музичар, но и против списанието кое ја има објавено неговата спорна изјава.
Песната е стара, фората е многу нова. Го пушташ видеото, почнуваш да вртиш по каналите и сите ти ја пеат 'Like A Rolling Stone' од Боб Дилан. Далеку подборо од други варијанти кога пушташ ТВ, а сите ти пеат иста песна.
По смртта на Лу Рид се појавија бројни сочувства и трибјути, но на повеќето од нив како да им фалеше емотивност. Еден текст дури тврди дека никој во новинарските кругови не сакал да му пише некролог на овој „човек без шарм“. Но топлиот и благороден текст на Пети Смит ја пополни оваа празнина.
Во пресрет на овогодишната Нобелова за литература, Њујорк Тајмс прашува: ако во тестаментот на Нобел навистина пишува дека наградата треба да оди во рацете на писател „чие исклучително дело стреми кон совршенство", тогаш зошто па зошто тоа да не биде делото на Дилан?
Облозите за овогодишниот Нобел се објавени и Мураками води со 3-1. Сепак Ladbrokes, британската обложувалница, има утнато неколку пати претходно, па на јапонскиот писател му се советува да почека со пишувањето на говорот.
Eден навидум приглуп локален полицаец, еден агент на FBI, тројца криумчари на дрога навлечени на Ниче, две симпатични проститутки, многу кокаин и брутален хумор кој ги разбива сите можни стереотипи. Супер филмче од Џон Мајкл МекДона, братот на Мартин МекДона („Во Бриж“).
Документарец за неверојатната судбина на Сиксто Родригез, музичар од седумдесетите, на кого многумина му предвидувале слава поголема од онаа на Боб Дилан. Филм за мрачните страни на музичкиот бизнис, природата на славата и можноста работите некогаш и некаде да дојдат на свое место.
Oд 2006-2009. Боб Дилан ја водел емисијата Theme Time Radio Hour на Sirius Satellite Radio. Во една од новогодишните емисии ги прочитал најчестите ветувања кои самите на себе си ги даваат Американците на почетокот на новиот циклус.
„Уште колку деца треба да умрат пред да се сменат законите за огнено оружје во САД" - ова е очајниот повик кој го упатуваат Американците по завчерашното пукање во Конектикат. Но фокусирајќи се на достапноста на оружјето, дебатата не зема предвид еден позначаен проблем - оној на менталното здравје.
Снимен во 1984., Various Positions беше единствен албум на Коен одбиен од неговата дискографска куќа. Речиси никој не забележал кога песната сепак излегла, под независна етикета. Оттогаш, преку десетици кавери и како дел од филмска или телевизиска музика, „Алелуја" стана антологиска.
Од застапените само за Боуви знаеме дека студирал сликарство, па можеби затоа серијата негови автопортрети од 90-тите минатата недела е продадена за 6,500 фунти. Но и другиве не се лоши.