Освен Mураками добро стои американската авторка Џојс Керол Оутс (6-1), Унгарецот Питер Надаш (7-1), јужнокорејскиот поет Ко Ун (10-1) и Канаѓанката Алис Манро (12-1).
Да се погоди вистинскиот добитник е работа на информираност, но ако се верува во таинственоста на Шведската академија, и на среќа. Правилата велат дека дискусиите во врска со тоа кој треба да ја добие наградата кои се воделе помеѓу членовите смеат да се објават по дури 50 години.
Името на Мураками додуша се споменува последниве 10. Сепак еден од елементите кои се зема предвид е тоа што неговиот нов роман „Безбојниот Цукуру Тазаки и неговите години минати во аџилак", издаден пред неколку месеци на јапонски и продаден во милион копии за само една недела (!), со брзо темпо се преведува на англиски и ќе излезе во 2014.
Но Ladbrokes неколку пати има згрешено во предвидувањата. Во 2011 Боб Дилан 24 часа пред објавувањето на победникот водеше скокна од 100-1 на 10-1. Таа година Адонис беше фаворит, а по него следеа Мураками и победникот за 2011, Транстромер.
Ако и овој пат Нобел не отиде кај Американците, тоа за нив ќе бидат дваесет години од последната награда - во 1993 неа ја доби Тони Морисон. Последната пак жена добитничка е Херта Милер во 2009, а од 109 добитници само 12 се жени.
Резултатите ќе бидат објавени на 1. октомври.
Тука Букбокс осврти за „Спутник љубов“ и „Што зборувам кога зборувам за трчањето“ на Мураками.