Во секоја од емисиите имало мешавина од различни музички жанрови, спонтани мисли на Дилан на различни теми, телефонски повици во живо од слушатели, читање мејлови, специјални гости, избор антологиски џинглови и реклами од минатото.
Во овој извадок од една новогодишна емисија тој со неговиот демонско заводлив глас чита неколку од често повторуваните заложби за новата година, кои со оглед на тоа колку често ги слушаме, изгледа никогаш не се остваруваат до крај. Минување повеќе време со пријателите и семејството, вежбање и слабеење, престанување со пушење и - она на што самиот Дилан се надева - повеќе уживање во животот се неколку од нив. Ние сме со Боб.