Која е најчестата рима во поп музиката?

Освен девојчиња што врeскаат по нив, оваа рима е веројатно единствената работа која е заедничка за Битлси и Џастин Бибер.

И не само тие, истата рима ја имаат и Принс, Адел, Стоунси, Дилан, Кање Вест, Мадона, Елтон Џон...

Римата е едноставното: You/do.

Заклучокот е изведен врз основа на годишните топ 100 на Билборд во периодот меѓу 1960-та и 2013-та.

Ова подолу е интерактивна мапа на која можете да проверите дузина фреквентни рими и подемот и падот на нивната популарност во наведениот период.

Играјте си/миграјте си.

25 февруари 2014 - 15:37