Дали е добра идеја Џо Бајден да се кандидира за реизбор во 2024? И ако тој се кандидира повторно, и победи, дали ќе биде добро за Соединетите држави да имаат претседател кој е 86-годишен - возраста на која Бајден ќе биде на крајот од својот втор мандат
85 возила имаше автомобилската колона што го придружуваше Бајден по улиците на Рим, каде инаку е дојден да се договори околу глобалното затоплување. И ова е без возилата на италијанската полиција и безбедност.
Перјаникот на Фокс њуз јавно признава дека му е сомнително и ни најмалку јасно зашто периодов Си-ен-ен решава толку остро да оди против истиот Бајден што тие го донесоа на власт, иако до сега многу поголеми гревови му беа простувани.
Како што Трамп не можеше да ги мине првите сто дена на раат без од него да побараат да поднесе оставка, таков таксират во првите сто дена на Бајден ги снајде волчјаците на американскиот претседател.
Во 11:25 по источно време (17:25 по македонско), Асошиејтед прес објави дека Бајден победил во Пенсилванија, и со тоа дека ги освојува и изборите во САД.
Се работи за првите 10 месеци од годината, а парите што ги имаат потрошено само на Фејсбук се два пати поголеми во споредба со буџетот од 2016 потрошен на истата социјална мрежа. Една четвртина од овие пари е потрошена само во октомври.
Глен Гринвaлд е новинарот кој во 2013 за Гардијан објавува дел од тајните документи што ги добива лично од Едвард Сноуден. Тој подоцна си заминува од Гардијан и го ко-основа левичарскиот Интерсепт. Гринвaлд објави дека поднел отказ во Интерсепт откако тамошното уредништво одбило да му објави текст кој бил негативен за Бајден.
22-ри октомври е третата (технички втора) и последна дебата меѓу Трамп и Бајден пред американските претседателски избори во ноември, а со тоа е и последна шанса за двајцата да се покажат барем пред своите кога и онака никој не се обидува да ги придобие тие од карши.
Њујорк Пост објавува сторија за Џо Бајден дека во 2015 (додека се уште беше потпретседател) се сретнал со сопственикот на украинската нафтена компанија за која работи син му, а неколку месеци подоцна извршил притисок врз украинските власти да го отпуштат обвинителот кој започнал истрага околу компанијата. Според Фејсбук и Твитер оваа вест не е според нивни стандарди и не дозволуваат објавување на линк до веста.
Бајден моментално има значителна предност на најголемиот дел од анкетите, а Трамп и понатаму е под опсада заради задоцнетиот и неадекватен одговор (за најбогатата земја на светот) на коронавирусот, и во ваква ситуација, на денешен ден, инвеститорите и кладилниците, предност му даваат на Трамп како победник на претседателските избори во САД.
По поразот на Супер вторникот, Сандерс целата надеж ја стави на вчерашното гласање во кое демократите од 6 американски сојузни држави го даваа својот глас. До сега Бајден освои 3, а од уште 3 се очекуваат резултатите.
Дури и целокупниот ИСИС да се елиминира, социјалните фрустрации, секташките неправди, невработеноста и милитаризацијата ќе продолжат да создаваат тероризам. Војната против тероризмот не само што ги уништи сите изгледи за развој, туку и наметна приоритети кои немаат никаква врска со проблемите на арапските народи, објаснува во интервју Фаваз Трабулси, професорот по историја и политикологија Американскиот универзитет од Бејрут.
ИСИС од една, Курдите и американско-британски сили во Сирија од друга страна постигнале таен договор кој им дозволил на стотици терористи на ИСИС заедно со своите семејства и оружје да избегаат од Рака. Конвојот испратен под закрила од западните сојузници во Сирија, вклучувал и некои од најозлогласените членови на ИСИС, плус десетици странски борци на џихадистите, објавува Бибиси.
Американскиот претседател одлучи да стави крај на тајната програма на ЦИА за вооружување и обука на сириски бунтовници кои се борат против владата на Башар ал Асад. На ова претходеа неколку најави од Тилерсон и американските медиуми дека САД ќе остават Русија да решава за судбината на сирискиот претседател.
Додека курдските сили од два правци јуришаат на Рака, престолнината на ИСИС, аналитичарите забележуваат дека на југот од земјата се отвора простор за најголемиот судир во досегашниот тек на војната во Сирија.
Ако ултиматумот на Г7 до Русија доведе до вистинска војна, колкава е вашата доверба за Доналд Трамп како воен лидер и Борис Џонсон како негов поручник, прашува руската амбасада во Лондон.
Фарид Закарија на Сиенен гордо порача "синоќа Доналд Трамп стана претседател на САД", Њујорк тајмс напиша дека Трамп во нападот се водел од срцето, а Вол Стрит му порача "а сега засекогаш уништи го режимот на Асад".
Позитивното во американското ракетирање на Сирија според Енрду Ексум од Атлантик е што сега САД имаат посилна преговарачка позиција, негативното е што САД самите на себе си ја отежнаа борбата против најголемата терористичка закана во светот.
Koга во 30 секунди во живо новинар три пати ќе нарече ракетна офанзива „убава“, тој си го бара. Кога притоа ќе искористи и стихови на Коен, е тогаш треба и да си го добие.
По наредба на американскиот претседател, и без никаква дозвола или одобрување од О.Н., два американски воени брода во источниот Медитеран - УСС Портер и УСС Рос - испукаа 60 крстосувачки ракети на Сирија, конкретно на воздушната база Шајрат, затоа што Трамп одлучил дека тоа е во согласност "со виталните американски национални безбедносни интереси".
Долго време главен приоритет на САД во Сирија беше соборување на актуелниот претседател. Токму таквото инсистирање него да го нема во равенката за излез од хаосот многукратно ја искомплицира целата ситуација. Сега не им било тоа најважно.