Американскиот амбасадор во Обединетите нации, Ник Хејли, обелодени дека САД веќе не се фокусирани на соборување на Башар ал Асад од власт.
Истото неодамна го сигнализираше и државниот секретар Рекс Тилерсон за време на посетата на Турција:
„Мислам дека за долгорочниот статус на претседателот Асад ќе решава ситрискиот народ“, изјави тој.
Ова претставува сериозно отстапување од досегашната упорна политика на САД да инсистира на паѓање на сирискиот претседател .Трамп навести дека главен фокус треба да бидат Исис а не Асад а најави и дека сака околу сириското жариште кое трае веќе седум години поблиску да соработува со Русија, главниот сојузник на актуелниот претседател на Сирија.
****
Види и:
Обама игра шах, Путин игра покер
Како се распаѓаше американската тренинг програма во Сирија
Како Русија го врати Асад во игра