Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон ја откажа посетата на Москва за да се сретне со министрите од Г7 во Италија, со кои треба да изработат план за справување со Башар ал-Асад. Во среда неговата работа ќе падне на американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, кој "треба да испрати заклучна порака до Москва".
За откажувањето на средбата Џонсон беше критикуван и дома и во странство. Меил он сандеј на насловната со големи букви имаше испишано "Борис 'Пудлата' се повлекува од средбата во Русија", а слично расположение провејуваше и кај другите медиуми според кои САД одлучиле дека е подобро да не го испраќаат Џонсон во Москва да не направи инцидент.
Од руското министерство за надворешни работи порачаа дека откажувањето на средбата покажало "фундаментално недоразбирање или немање познавање на настаните во Сирија, руските напори да се реши кризата и генерално целите на дипломатијата" и дека "одлуката да се откаже посетата на Џонсон на Москва уште еднаш ги потврдува сомнежите во имање дополнителна вредност од разговарање со Обединетото кралство, кое нема своја позиција на најголемиот број од денешните прашања, ниту има вистинско влијание на текот на меѓународните работи, бидејќи останува 'во сенката' на своите стратешки партнери".
Руската амбасада во Лондон на Твитер пушти и две анкети во кои прашува за мислењето околу можните исходи од ултиматумот на Г7: