Како што е редот, Трамп во еден твит го потврди отпуштањето на досегашниот министер за надворешни работи на САД, Рекс Тилерсон, и го објави неговиот наследник, Мајк Помпео, досегашниот прв човек на американското разузнавање.
Трамп планира за драстични 31% да ги скрати трошоците за дипломатијата и агенциите за странска помош. Особено се намерачени на УСАИД кои во последно време навистина трошат рекордни милијарди долари. Рекс Тилерсон објаснува како тоа го замислува оваа монитпајтоновска дружина.
Ако ултиматумот на Г7 до Русија доведе до вистинска војна, колкава е вашата доверба за Доналд Трамп како воен лидер и Борис Џонсон како негов поручник, прашува руската амбасада во Лондон.
Традиционално по неколку месеци силење Северна Кореја имаше уште едно лансирање на ракета со среден домет. Вон сите традиции од кога се памети за спорот, државниот секретар на САД имаше пократка реакција на ова отколку воведот на текстов.