Пред само неколку недели, Закарија за Вашингтон Пост напиша дека иако Римјаните гледале да ги држат своите луѓе среќни и весели со леб и циркус, "до сега имаме добиено само циркус". Тајмс сето ова време беше толку остар со Трамп што тој ретко кога го спомнал весникот без да употреби придавка како "пропаднат" или "лажен".
По ракетните напади на Сирија, Трамп "ја имаше најдобрата вечер во медиумите" во неговиот мандат, тука вклучувајќи го и денот на победата.
Прашањето на Маргарет Саливен во Вашингтон пост е "зошто толку многу луѓе во медиумите сакаат покажување сила".
"Нема побрз начин да се собере јавна поддршка од започнување на воена операција.
Ова е правило не само во американската историја, туку и во светската историја. Ние секогаш застануваме зад нашиот врховен командант - и тоа е разбирливо," објаснува првиот човек на Центарот за првиот амандман, Кен Полсон, според кого вината делумно паѓа и на медиумите на кои "им се смачува од сопствениот наратив" за неуспесите на Трамп.
Слично објаснување има и главната уредничка на Мадер Џоунс, Клара Џефри, според која "Тоа е драматично и е добро за телевизија, новинарите се обземени од моментот, или полошо, од џингоизам."
"Воената кација се смета за непартиска, а противењето на неа и скептицизмот за партиски. Новинските организации кои се плашат дека ќе изгледаат како да заземаат страна може да паднат во стапица да не успеат да обезбедат контекст...
... Па затоа емпатијата се прифаќа како очигледна мотивација на претседателот - без споменување на забраната за бегалци која ги држи децата вон (САД), без споменување на исламофобијата на неговата кампања и администрација. Како можеш да пишуваш за мотив, а да не го анализираш оваа лицемерие," објаснува Џефри.
Исмевајќи го "инстантното издигање на Трамп како сериозен и почитуван воен лидер," Глен Гринвалд од Интерсепт потсетува на еден автор (Џон Џеј) кој пред 200 години пишува: "Без разлика колку е тоа срамно за човековата природа... нациите секогаш ќе започнат војна кога постои можност да добијат било што од тоа."
Професорот од Харвард по меѓународни односи, Стивен Волт, смета дека медиумите и јавноста требало до сега да научат барем нешто:
"Сирија останува трагедија затоа што таму нема добри опции.
Која е севкупната стратегија за Сирија имајќи предвид дека балансот на моќта на терен остана непроменет а ние не сме поблиску до политичко решение?"