Јужна и југоисточна Сирија е огромен и ретко населен простор. Како што проценува Марјановиќ во текстот за Адвенс, дел од силите на ИСИС избегани од Рака веќе се распоредуваат на клучни позиции за битка во овој регион, "меѓутоа нивно е само да изгубат, на крајот тука за превласт ќе се борат три сили: Русија, САД и Иран". Притоа за очекување е дека Русија и Иран имаат слични цели во целата ситуација, барем доволно слични за да бидат обединети додека не расчистат со САД.
Минатата недела американските воздушни сили соборуваат ирански воен дрон (сличен модел на американските беспилотни летала како Предатор) на просторот на јужна Сирија.
Неколку дена претходно американските сили ги нападнаа и позициите на сириските про-владини сили. Под про-владини сили, барем во регионот на јужниот град Ат Танф (каде САД имаат своја нелегална воена база) се мисли на ирански паравоени организации и/или нивните сојузници од Хезболах.
Од САД нападот го оправдаа дека го извршиле затоа што се почувствувале загрозено од овие воени сили, и дека ќе го повторат тоа секој пат кога ќе се почувствуваат загрозено. САД во Ал Танф официјално работат на обучување "умерени бунтовници", загрозеноста доаѓа од таму што додека го прават ова над глава им летаат ирански дронови, притоа се обиколени со про-ирански полиции крајно мотивирани да ги истуркаат американските сили од сириската во јорданската пустина.
"Беше очигледно дека САД сакаат физички да го спречат пробивањето на про-иранските сили до ирачката граница, и дека мора сè да направи за да не се поврзат иранските сили во Сирија и Ирак, бидејќи тоа во полна сила би го отворила т.нр. коридор на 'шиитска полумесечина' кој се протега од Техеран до Бејрут.
Ако тоа беше цел, а нема причина да се верува дека не е, американските сили сепак не успеваат во тоа затоа што минатата недела коридорот е пробиен, а шиитските милиции се ракуваа со своите соборци од ирачкиот фронт.
Притоа тие малку го заобиколија Ал Танф и американските сили кои се таму стационирани, меѓутоа тоа не значи дека нема да се вратат," пишува Марјановиќ.
Ваквата напнатост, те на стандардно брзите на вадење оружје Американци кои сега се оправдано претпазливи, те на иранските милиции за кои ова е шанса за директен судир со "Големата сатана", за сега води само кон финална пресметка меѓу ослободителите на Сирија.
"Овде во зафрлениот ќош на сириската југоисточна пустина би можело да дојде до директна конфронтација на американските и иранските сили. Тоа судејќи по се би бил најопасен судир до сега затоа што може да биде почеток на голема ескалација.
Можеме ли да веруваме дека САД би си дозволил тек така да биде 'истуркан' од Сирија, и тоа од страна на Иран? Тоа е сценарио кое Вашингтон тешко би го проголтал, посебно на чело со Трамп кој не ја крие својата омраза кон Иран.
Од друга страна, стратешки гледано, не може на САД да му се дозволи тука да фати корени. САД постојано се обидува трајно да се вовлече во Сирија, можат ли Дамаск и неговите сојузници да го спречат тоа пред да биде предоцна?
Американската воена база е во Ат Танф, во близина на граничниот премин кој е сместен на автопатот што ги спојува Дамаск и Багдад - автопат кој се простира на стотици километри низ празна пустина," објаснува Марјановиќ.
И покрај ваквата поставеност, главната дилема на Марјановиќ е дали иранските и сириските провладини сили ќе тргнат во напад на американската војска. Од една страна американската база во Ал Танф е мала и може САД не би ризикувале почнување војна за нејзе, од друга страна можеби тоа е инцидентот што го чекаат за да можат да донесат поголеми сили во регионот:
"Во секој случај тоа ќе биде голем ризик - без разлика дали ќе се тргне во напад на американските сили или ќе им се дозволи да останат таму. Тешко е да се каже што е поопасно за Сирија."
Во меѓувреме Русија доби пофалби и благодарност од американскиот министер за одбрана, Џејмс Матис, за тоа што ги разубедиле иранските сили да не тргнат во јуриш на американската база во Ал Танф. Од друга страна дипломати од Бејрут предупредуваат дека работата е спротивна, и дека Русите на Американците им зборуваат дека се обидуваат да ги спречат нападите, додека во исто време на истите организации им советуваат "сега ви е шанса да удрите на нив."