Која е сега „вистинската работничка партија на Америка“, се прашува Мат Таиби анализирајќи ги резултатите на Трамп кој наспроти сите учени анализи, изгуби заради недоволната поддршка на белците, додека кај сите други помина одлично. Изгуби и заради пандемијата но на оние кои им е најважна економијата, тој убедливо им е поуверлив од Бајден.
Човечката дланка е фасцинантен гаџет. Пoкрај сите корисни (и убави, молим лепо) функции кои ги има, таа може да биде и показатал за општото физичко здравје но и за дијагностика на конкретни проблеми. Не со гледање, туку со стискање.
Дури и ефикасна вакцина нема да биде доволна за повторно воведување на „нормален живот“ и луѓето треба да бидат пореални за тоа што и кога може да постигне вакцината, препорачува група водечки британски научници.
Еден мал и одлично напишан туторијал за тоа како да се освојат симпатиите на Косоварите, а како на Србите. За Македонците, упатството веројатно би било уште поедноставно. Кажи нè по име и веднаш се превртуваме на грб како мачиња, спремни да бидеме галени уште малку. Уште па ако ни признаеш дека Грците се педеришта, почнуваме да предеме, со молба: „Кажвај ни цели реченици...“
Оригиналниот текст на Swiss Pоlicy Research е насловен „Факти за ковид-19“. Како што гледате од нашиот наслов, ние не би да ве убедуваме дека се факти пошто од многу факти досега се изгоревме (памтите каков спас се гледаше во респираторите, како не мораше да се носат маски, како вирусот живее со денови на површини итн?). Ама барем секое од тврдењата има линк за проверка на кажаното.
„Белите привилегии“ стануваат денешна верзија на библискиот грев од кој нема вистинско спасување. Можеш само да се посипуваш со пепел, да признаваш дека си грешен, да се согласуваш со обвинението. А кога почнуваш да мислиш дека твојот политички противник не само што нешто греши, туку е зло, тогаш престануваш со политика и почнуваш со религија.
Човекот од Луизиана ќе го мине и остатокот од својот живот зад решетки затоа што пред 23 години пробал да украде ножици за ограда. После две децении решил да се пожали на казната. „Не, таман си е казната,“ процениле врховните судии од земјата чија амбасада во Македонија обожава да проценува судски одлуки.
Бидејќи вакцината е долги месеци пред нас, аутопсиите на починати од ковид-19 даваат драгоцени сознанија што сè му прави болеста на телото и разните органи. Некои наоди се очекувано но некои сосема ги збунуваат медицинарите.
Kако што овдешните Шaрени се рајцаа на Алински (види: Сол Алински: Правила за радикали), за Блек Лајвс метер и таканареченото анти-расистичко движење манифестна книга е „Белата кршливост“ која стана апсолутен бест-селер на Амазон. „Од овие што ја воспеваат, ја има некој читано оваа луда книга?“, не може да се изначуди Мат Таиби.
Под будното око на глобалната глутница лустратори не помина незабележано црно-белиот расист кој со векови се провлекува неказнет. Ако се прашувате зошто шахот е расистички кога има подеднаков број црни и бели играчи и подеднаков број црни и бели полиња, во најмала рака сте наивни: а кој секогаш почнува прв?
Која е причината заради која Денко Малески замижува пред овие написи и дела? Која е причината заради која Денко не верува на волјата на сопствените предци за своја сопствена слободна татковина? За своја посебност?
Таман кога светот помислил дека куртулил од првиот бран, доаѓа втор, со мутирана и многу посмртоносна верзија на вирусот. А врвната медицина и наука од тоа време, цело време бараат лек за бактерија. Кои се наравоученијата?
Сооченоста со смртта, хемијата на анестезиите, неприродноста на дишењето преку апарат поради што некои пациенти мораат да бидат врзувани за да не ги откорнат цревата од себе... сето тоа може да остави трајни последици во мозокот, од пост трауматски стрес синдром до когнитивно марушување и деменција.
Во веројатно најпогрешниот период од постоењето на ЕУ (и не, нема правилен), Унијата одлучи дека сега е правиот момент кога треба да дозволи инсектите да бидат дел од човечката исхрана.
Од таканареченото респираторно дрво оди во коморите за размена на гасови. Од таму во воздушните џебови. Сакајќи да го исфрлат од себе воспалението, тие го шират во останатиот дел од белите дробови и доаѓа до пневмонија. Проблем е што оваа пневмонија не е иста како повеќето пневмонии поради кои луѓето завршуваат во болница. И знае да биде сурова.
Британската влада ќе испрати 1,5 милиони писма до свои граѓани на кои ќе им препорача да се изолираат од општеството минимум 12 недели. 40% од нив се лица постари од 75 години но јасно е дека не се само тие. Кои се луѓето кои се сметаат за екстремно ранливи и што им се советува?
Тоа што го прави Берни Сандерс толкава закана за демократскиот естаблишмент е дека тој се залага за тоа за што милиони демократи мислеа дека нивната партија сето ова време се залага.
Фабрика за знамиња во Иран доаѓа до генерациски добитна идеја и воведува клучна промена во бизнис планот во оптек да пушти сосема нов производ - знамиња за палење.
Вистинскиот проблем со „претставување“ не е дека нема доволно видливо моќни жени. Туку дека она што во нашата култура е претставено како феминизам всушност е корпоратизам.
Феноменот е познат уште од кралицата Марија Антоанета, а опеан уште од кралот Мухарем Сербезовски. Луѓе од Харвард успеале да го сфатат процесот а можната еволутивна причина зошто е тоа така, ќе им се бендиса на оние со сребро во косите.
Минатата година се случија повеќе сериозни терористички напади низ светот. Терористите беа инспирирани од повеќе различни идеологии, а жртвите им беа разнолики. Како што политиките на идентитет стануваа поистакнати во западната политика така идентитетот на жртвите и на извршителите одигра клучна улога во начинот на кој политичките лидери реагираа на секој напад.