Стисокот на дланката е драгоцен био-маркер и може да укажува на здравствени ситуации како кардио проблеми или рак, вели студијата на професор Ричард Боханон.
Стисокот се мери со динамометар, како да се држи чаша (лактот испружен, свиткан 90 степени), три пати по пет секунди на двете раце (Капетан Кука, сори) па се вади просек. Најсилна група се мажите од 20 до 30 а најслаба жените над 70 години. За онаа младата група, просечен стисок е 46 кила за мажи и 29 за жени за во старосната група 60-69 да опадне на 39 кг за мажи и 23,5 за жени.
Истражувања покажуваат дека послаб стисок од просечниот укажува на повишен ризик од инфаркт како и на постепени промени во структурата и функцијата на срцето.
Постојат истражувања по кои дијагностицирање на рака на простата, дебело црево и бели дробови кај мажи, како и рак на гради кај жени се поврзани со губење 5 килограми од стистокот на рака на луѓе постари од 60 години.