Во обид да ја долови сликата и да ги запознае гледачите со Киев, американски новинар објаснува дека сепак се работи за „релативно цивилизиран и релативно европски град“, а не нешто налик на тоа што до сега гледале во Ирак и Авганистан. И не е единствен.
Полска великодушно ги отвори своите граници за бегалци. Ако се бели и ако се од Украина, макар со себе ги носеле и своите домашни миленичиња. Бегалците со поинаква боја на коже се под друг режим.
Учествуваат на аудиции. Плаќаат даноци уште од првата година. Добиваат критики за своите улоги. И не ги бркаат од сет кога ќе ги наполнат пелените. Штета што најверојатно нема ни да се сеќаваат на овие искуства.
Националниот суверенитет треба да биде неприкосновен принцип на светските политики. Ако националниот суверенитет стане стока за која може да се преговара, стока што може да се избрише по желба на Кремљ, Белата куќа или Европската комисија, тогаш во прашање е доведено постоењето на самата нација, а најмногу ќе страдаат демократијата и слободата.
Глобалниот проблем со ефектот на стакленички гасови полека но сигурно става канџа и на убавите бели спортови, па така од 21 досегашен домаќин на Зимски олимписки игри, во иднина само два би можеле да бидат доволно студени и снежни за организација на истите. Сите други со вештачки снег.
Левицата се обиде да ги освои срцата на Латиносите измислувајќи им родово неутрален „латинкс“, велелепна утка за која многумина од нив и немаат слушнато, не па да се идентификуваат со тоа. Десницата има поинаква стратегија: жени од народот, запознати со проблемите на луѓето, горди што се латино, но уште погорди што се Американки.
Пионот, како најмалку вредна фигура во шахот е единствената од сите фигури на која и е дадена опција да еволуира, но е и единствената која нема можност да отстапи наназад на боиштето.
Бадијала е да се ситиме дека мечката заигра на нивна врата, но охридскиот рамковен договор жестоко го има зајавано Холивуд. Слушнете ја оваа инсајдерска приказна за тоа како разбуденоста ја убива филмската индустрија, за стравот, квотите и другите аспекти на Рамковен Холивуд, приказна во која многумина се плашат и да си го кажат името.
Во новото, лажно левичарење (види: За да не помислат на класи, с'скај ги со раси) се истураат пари од кои боли глава. Дури и политичките опции на кои им одговара активизмот насочен кон нивните конкуренти, загрижени се од моќта на овој пребогат НВО левијатан.
„Воук“ културата собра уште еден скалп. На „Сексот и градот“. Да, незадоволни со чистката низ факултетите и корпорациите ширум Англосферата, сега култот кон коректната мисла закла една од најдобрите серии во доцните ’90-ти и раните 2000-ти.
На „опашката“ на актуелните настани со Ѓоковиќ на далечниот континент, искрснуваат приказни за други Срби кои „заглавиле“ таму, овој пат по своја волја. Новостекнатото име на еден од нив на јазикот на абориџините значи „утринска ѕвезда“. Му го доделиле како благодарност за неговото писателско залагање за нивните права.
Бидејќи на прогресивните бадијалџии ознаката латино им се чинеше премногу машка (женски е латина), смислија демек родово неутрален термин латинкс (latinx). Терминот се фати во нивни кругови, но не и кај самите латино луѓе кои сега прашуваат: Кој ви даде право да ни кажувате како да се викаме?
Ако најдете чизми што ќе ве натераат да напишете ваква магистерска тема, аман прерачунајте се колку дена ќе треба да јадете крекери и вода и купете ги. Ретко се постигнува вакво чувство.
Мора да им е убаво на научниците кога мислат на оние кои слепо им веруваат. Бидејќи кога таквите ќе тргнат да ги тепаат зашто биле прелажани, нема да можат да ги стигнат од што се усвињети.
Ако ништо друго, фино е да пробаш да се стремиш кон тоа. И само една од стварите што те носат натаму да штиклираш, веќе си на добар пат. Како на пример, да бидеш културен. Познаваме доста луѓе што баш на тоа ќе ги бутне комисија, ама па сега... Да се проба.
Целиот свој живот го поминал на 200 метри од границата со Уругвај, земја која што многу ја засакал. Од рана возраст цртал многу убаво па случајно решил да се пријави на конкурсот за нов дрес на фудбалската репрезентација на Бразил.
Тоа на нашки е точно 101 метар. Дечкото зема (голтна) воздух неколку пати и со пераји тргна удолу, на длабочина на која поради притисокот, човечките бели дробови се собираат колку пепељара.
Во последниве три години, околку 1 милијарда долари во инвестиции се истурени во технологијата за женско здравје. И нема врска дека технолошката индустрија станала женска.
Земјите кои за време на Студената војна беа на линијата на фронтот помеѓу САД и СССР, сега се потполно небитни и заборавени a деновиве им се случува тотален општествен колапс и масовен егзодус на населението. Чисто да се доежиме од онаа оценка на американскиот секретар Џон Кери дека Македонија е на „линијата на огнот“ меѓу Вашингтон и Москва.