Беа собрани модни уредници во први редови (меѓу нив и Наоми Кемпбел) за да се диват и воодушевуваат на спектакуларните декорации на Диор, од каде што имаа создадено париски мост во речиси природна големина, со лажни птици и лажна вода под него - на плазма екран - и сето ова за само 15 минути колку што беа потребни да се прикаже колекцијата.
Моделите се прошетаа во пастелни бои што требаше да потсетуваат на зимско утро, а низ салата ги следеше снимениот глас на основачот на куќата - Кристијан Диор. И од Диор, под Ким Џонс, сакаат да кажат дека беретката се враќа и освен што е малку реконструирана, нема да биде срамота да се носи.
Означуваат 75 години откако „новиот изглед“ на Диор го промени лицето на модата во 1947, а Џонс изјави дека навлегол во архивите за да ги обнови оригиналните стилови на куќата како бар-јакната што се витка кај струкот, на пример. За мажи, бар-силуетата добива „Бритиш“ преправање (од таму е Ким Џонс) и скроена е намерно божем растурена, за да добие уличарски призвук. На ова помагаат сиви патики со растурени врски или бели панталони со еластични подвиви.