Таг: диор

Сите треба да бидеме Ријана

И тоа не само кога доцниме на ревија на Диор, туку општо, Ријана има одговор за повеќе животни ситуации.

Диор го реконструираше Париз за машката колекција

Диор го презема Плас де ла Конкорд во Париз за шоуто за машката колекција, а темата беше едноставно - самиот Париз.

Како Диор за еден викенд ја претвори фабриката за парфеми во фабрика за гел за дезинфекција

Француската влада во петокот побара од компаниите да помогнат во надополнување на недостатокот на гелови за дезинфекција неопходни за тамошните доктори и медицински персонал. 72 часа подоцна фабриката за парфеми на Диор е пренаменета и го произведува првото шише средство за дезинфицирање.

Длабоко вознемирувачко видео

Диор пред нешто повеќе од една година извади една боговски велелепна реклама за Ж'Адор парфемот, со Шарлиз Терон во главна улога. Годинава имаме (дипфејк) римејк на рекламата кој никој не го побара, со Мистер Бин во главна улога. Ужас.

Диор инспириран од Романија

Минатата година Диор вади колекција на луксузни палта, елеци и капути, кои освен што им изгледаат ултра-скапо на сите (со примероци кои имаат цена и до 30.000 евра), на некои им изгледаат и крајно познати, посебно на жителите на Бихор, северозападен регион во Романија. Не дека Бихорјани се сериозни следбеници на haute-couture, ама се прилично детално запознаени со својата носија. Излезе дека во случајот со последната колекција на Диор тоа му доаѓа исто.