Ситуацијата е ваква: Ријана пристигнува на шоу за женската колекција на Диор за време на Париската модна недела.
Наивен набљудувач од насобраната толпа, најнепотребно ја известува дека доцни.
Ријана се врти, со доза на презир и вика:
„No shit.“
Rihanna arriving at the Dior Fashion Show #PFW pic.twitter.com/owjrI8gIdP
— christelle. (@fentibetter) March 1, 2022
„Немој да ме јебеш“ ѝ рече.
Мора да се истакне каков податлив правец на комуникација ни претставува овде Ријана. На кои сè реакции и глупи обраќања може да се биде Ријана. Какви баналности можат да се решат со (навидум) прости одговори.
Не можат сите да бидат Ријана, ама дека може да се поднаучи нешто - може.