Како да бидеш дел од високата класа?

Ако ништо друго, фино е да пробаш да се стремиш кон тоа. И само една од стварите што те носат натаму да штиклираш, веќе си на добар пат. Како на пример, да бидеш културен. Познаваме доста луѓе што баш на тоа ќе ги бутне комисија, ама па сега... Да се проба.

Како се прави тоа? Како се станува дел од „високото добро утро” и доволно одмерен за да зрачиш со upper class?

Отсекогаш постоеле правила, само што некои од нив не важат повеќе - има нови. Татлер ги открива сите дозволени и недозволени работи, ако баш ве интересира како да ја оставите таа неласкава нискобуџетност зад себе.

На пример, за одредување на тоа дали си висока или ниска класа, човек треба да ги разгледа сите аспекти на животот - затоа што класата зависи од сè - од тоа како ја пиеш пијачката, до тоа како учествуваш во разговор.

На пример, тие што се стремат кон високо, треба да заборават течност за плакнење уста (?), Фејсбук (јес) и цела Франција, освен Париз (којзнае зошто така).

Се става акцент и на важноста на здравите врски (префинето е да се биде верен, на пример), додека трофеј-сопругите се сметаат за сељачка работа.

И ако решите да тргнете во овој фин правец, гледајте да не ве фатат - искачувањето во социјалните кругови и зборот posh се работи што влегуваат во непосакуваната, „ниска” категорија.

Еве релевантно списоче:

Висока класа:

Јадење леб (конечно!)

Вработување (по можност)

Пиење за ручек 

Шампањ

Љубов кон родителите

Купување весници

Јадење благо

Учтивост (!!!)

Дијазепам

Центристички погледи на светот

Нискобуџетна авиокомпанија

Имање шофер

Верност

Живеење во центар на град

Аудио книги

Многу постар најдобар пријател

Читање

Астрологија

Јоркширски чај

Пржени јајца

Шведска

Знаење за растенија

Прекари

Поставување прашања за време на разговор

Кажување „не”

Ниска класа:

Високобуџетна авиокомпанија

Јавно апстинирање

Средство за испирање уста

Повеќето бели вина

Фејсбук

Франција (освен Париз)

Носење шминка надвор од град

Сосови

Трофеј-сопружници

Тиндер

Ајпеди

Суплементи

Освежувачи за воздух

Овошје во пластика

Познавање јахти

Свадби од три дена на егзотични дестинации

Спортски-кежуал (јессссс, ПРЕСТАНЕТЕ!)

Влажни марамчиња

Добро, никој не рече дека сите ќе имаат логика, ама концептот се препознава. Не се курчете со познавање од јахти и баталете спортско-кежуал. За другото ќе правиме муабет, сè додека сте учтиви.

6 декември 2018 - 22:22