„Бев на сет на една фото-сесија минатата недела и не можев да престанам да зјапам во земја. Не го гледав тепихот ни подот, или метафоричната јама на моето емотивно битие. Гледав во еден пар чизми - бели, се навлекуваат, со тежок ѓон, на нозете на Преја Нарендра, главната за маркетинг и комуникации на Миу Миу.
‘Тие чизмите,’ конечно успеав да излезам од транс. ‘Што се?’
‘А, овие?’ рече таа, покажувајќи на мојот најизненадувачки предмет на вљубеност после Макс Мингела од Приказна за слугинката. ‘Овие се 3.1 Филип Лим.’
Ги запамтив.
Се вратив во канцеларија, ама паметот ми остана во чизмите. Беа повеќе од само естетски пријатни. Беа доказ дека најпредизвикувачкиот стилски проблем за месец декември (дали чевли можат да изгледаат и добро и практично на -10, или на мраз и снег?) може да се реши многу позитивно. Истиот момент кога ги видов, посакав да ги носам со секоја можна комбинација, цела зима, заради моделот и заради тоа што одговараат на сè. Затоа, имав чувство како да сум открила закопано богатство, или тајната на животот. Или и двете.
Заради професијата, знаев на кое ниво на цена се движат вакви кожни чизми, па сумата од 550 долари не ме изненади кога ги најдов онлајн. Сепак, се создаде лавина од ментални математики „дали вреди со оглед на тоа колку ќе ги носам”, со еднакви количини тешко издишување и надеж.
На крај решив дека морам да го проверам претчувството дека ќе бидат Светиот грал на зимските чизми и да се потрудам околу тест-возење. Позајмив еден пар во бојата што ја бендисав (ванила), иако имаше само помал број, за да ги поносам со мојата гардероба. Кога ми стигнаа, нежно ги поминав со прст, признавајќи си дека се работи за многу убава кожа. Речиси се надевав дека мисијата ќе ми пропадне - дека нема да најдам ништо што можам да го комбинирам со овие чизми, но сепак - кога стигнав дома, беше точно така како што очекував. Беа прелесни за носење. Состојба на возвишено постоење, во кое да се облечеш зимски беше задоволство, наместо хорор. Таква е моќта на чизма што магично одговара со сите твои панталони.”
Ако најдете чизми што ќе ве натераат да напишете ваква магистерска тема, аман прерачунајте се колку дена ќе треба да јадете крекери и вода и купете ги. Ретко се постигнува вакво чувство.