Навивачите на клубот од Велс за денес организираат марш за враќање на традиционалната сина боја, која сингапурскиот газда им ја смени во црвена заедно со грбот на клубот.
Аргентинците сакаа да промовираат кампања против насилството во фудбалот преку новоформираниот клуб кој го носи името на Папата Францис, но уште на првиот натпревар тие добија два црвени картони.
Повторно нашиот офсајд лик на годината се најде во медиумите заради лоши вести. Премиер лигата ќе започне истрага против Винсент Тан заради сомневањето дека на неговите фудбалери им нудел бонуси.
Во последно време зачестија лудите прослави на фудбалерите за кои си заработуваат црвени картони, па решивме да ги собереме на купче најбизарните исклучувања, а предводник на оваа група е нашиот Марио Ѓуровски.
Не можевме да одлучиме кој повеќе го заслужува нашето признание за офсајд лик на денот, па решивме да го поделиме и да им го доделиме на еден голман од Франција и еден негов полски колега во Азербејџан.
Поранешниот член на Арсенал, Емануел Фримпонг ептен зажали што направи трансфер во Барнсли, а неговото деби за новиот клуб заврши со црвен картон по половина час игра.
Во 2013-та имавме офсајд ликови на денот и на неделата, а неколку од нив заслужија да го добијат и годишното признание, но ние се одлучивме за Винсент Тан, еден од најомразените и дефинитивно најлошо облечен човек во фудбалот.
Приказнава не е за фаќање сеир, ама на голманот кој е принуден да се пензионира откако по грешка сам си пресекол четири прста со циркулар, како за утеха мора да му го дадеме нашето признание за офсајд лик.
Голманот Оливер Бауман наместо да се докаже пред селекторот Јоаким Лев кој го следеше на натпреварот помеѓу Фрајбург и Хамбург, се истакна со три кикса по кои неговиот тим загуби на домашен терен со 0:3.
Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска можеби го сруши рекордот за најбрз црвен картон по влегување на терен и го заслужи нашето признание за офсајд лик.
Мислите дека имате лош ден или лоша недела на работа? А што да каже Хуан Флорес за кого на сајтов пишуваме почесто од Величе Шумуликоски? Перуанскиот голман е навистина за жалење.
Сте виделе ли некој голман да заработи црвен картон по изведувањето на пенал? Тоа му се случи на голманот на португалскиот клуб Виторија Сетубал на натпреварот против Порто со што Павел Кишек стана наш офсајд лик.
Максимилијан Хофман е 19-годишен надежен австриски фудбалер кој го имаше најлошото можно деби во историјата на фудбалот со што го заслужи нашето признание за офсајд лик на неделата.
Голманот Марк-Андре Тер Штеген за кој се заинтересирани сите поголеми европски клубови и во кој Германците гледаа сигурен чувар на мрежата во иднина, прими 12 гола на трите настапи за репрезентацијата, а еден од нив беше кикс каков што ретко се гледа на фудбалските терени.
Карло Анчелоти направи добар гест и му даде шанса на четвртиот голман на ПСЖ да се појави на теренот за прв пат по три години, но Ронан Ле Кром по само 21 минута доби црвен картон и го заслужи нашето признание за офсајд лик на неделата.
Кога ќе се спомене Марк ван Бомел, веднаш помислувате на груба игра. Холанѓанецот се потруди така да остане и запаметен откако заработи црвен картон на последниот натпревар од неговата кариера.
Маркетинг секторот на интернет кладилницата Paddy Power врши одлична работа. По гаќите на Бентнер на Европското првенство, тие сега имаат кампања со која им се исмеваат на познати фудбалери кои се резерви во своите тимови и им понудија нова работа на Торес, Аршавин, Босингва...
Оваа недела наш омилен лик за сеир е соиграчот на Горан Попов од ВБА, Питер Одемвинге. Нигериецот толку многу сакаше да го напушти клубот, што без никаква дозвола синоќа отиде во просториите на КПР, но тие таму не му отвориле врата.