Сите го коментираат лошото издание на Џо Харт на натпреварот помеѓу Челси и Манчестер Сити, но Оливер Бауман и тоа како го надмина. Германецот го имаше можеби најлошото голманско издание и си го заслужи признанието за офсајд лик на денот.
Признанието за него е уште позаслужено ако се знае дека селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, Јоаким Лев беше на трибините за да го следи голманот кој направи хет-трик од грешки.
Погледнете го изданието на Бауман и пречкртајте го неговото име од списокот на Германија за Светското првенство.
Претходните офсајд ликови погледнете ги тука.