Марио Ѓуровски сам си ја бараше бељата и го прослави голот во тајландското првенство по гаќи.
Полскиот голман Лукаш Сапела неодамна беше наш офсајд лик откако одбранетиот пенал го прослави со непристоен гест и веднаш заработи црвен картон.
Емануел Еменике го прослави голот за Спартак Москва против Зенит во стил на Самуел Ето, но судијата тоа не го сфати баш најдобро и го испрати во соблекувална.
Роман Широков од Зенит реши да им возврати на исвиркувањата од неговите навивачи, па по постигнатиот гол против Волга тој прослави со неспортски гест и си заработи црвен картон.
Во земја во која има огромен број на убиства, прославата со симулирање на пукање и убивање на соиграч не е баш добредојдена, па Еквадорецот Фидел Мартинез за еден ваков гест беше исклучен во првенството на Мексико.
Уште еден лик со непримерна прослава кон противникот. Александар Драговиќ постигна два гола за Базел против Сервет, а веднаш по вториот замина на ладење во соблекувална.
И најлудиот го оставивме за крај. Виоланти од италијанскиот нисколигаш Риоло Терме даде гол и ја искрши кабината за резервни фудбалери и тоа со глава.