Шампионот Порто ја започна одбраната на титулата со победата против Сетубал, но не започна се така лесно откако гостите први поведоа со гол во 14-та минута.
Но на стартот од второто полувреме задачата значително им ја олесни гостинскиот голман, Павел Кишек. Најпрвин тој прими гол од пенал, а потоа се обиде да му попречи на стрелецот на голот, при што го удри со глава.
Кога му стана јасно дека му се заканува исклучување, не многу паметниот полски голман се обиде да одглуми повреда, но тоа го стори на неубедлив начин и не успеа да го прелаже судијата.
Неговиот тим со играч помалку во продолжението од натпреварот прими уште два гола за конечен пораз од 3:1.
Претходните офсајд ликови погледнете ги тука.