Шпанскиот тенисер Алехандро Давидович-Фокина дефинитивно е најмалерозниот спортист во последно време. Синоќа во финалето на турнирот во Вашингтон од серијата 250, Давидович-Фокина имаше три меч топки против Алекс де Минор но на крајот изгуби после три часа и пет минути тенис, 5:7, 6:1, 7:6.